за

Alpina B3 S Bi-Turbo е џентлменската алтернатива на BMW M3

Alpina B3 S Bi-Turbo

BMW M3 е создаден како екстремна машина. Никој не смее да биде побрз. Но, бруталниот начин на којшто оваа легенда ја ослободува моќта не им се допаѓа на сите. Некои повеќе сакаат подеднакво брзо, но џентлменско возење. Тоа успева во Alpina B3 S Bi-Turbo.

Кога инженерите на BMW во одделението M GmbH во Гархинг се впуштија да работат на актуелната серија 3, тие применија екстремистички концепт. Главна цел на развојот беше да се постигнат екстремна странична стабилност и упраливост остра како жилет. M3 е совршен за на тркачка патека и неговата фалбаџиска појава минува кај многумина. Но, не кај сите. Некои клиенти не сакаат да креваат толку врева. Решението не е ниту во 340i, тој им е преслаб. Тука стапува на сцена единствената тјунерска работилница во светот којашто официјално се води како производител на автомобили, Alpina. Нивниот B3 S Bi-Turbo е вистинската алтернатива за M3.

Alpina B3 S Bi-Turbo е во плус од 9 КС и 110 њутметри наспроти M3

Трилитарскиот шестцилиндарец во Alpina располага со битурбо-натполнење и постигнува примерни 440 КС. Во сензацијата не заостанува ниту вредноста на вртежниот момент од 660 њутнметри. За споредба, BMW M3 постигнува 431 КС, а вртежниот момент изнесува 550 њутнметри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со осумстепениот автоматик, „тројката“ на Alpina спринтува за 4,3 секунди до сто. На верзијата на M3 со шестстепен мануелен менувач и е потребно исто толку, но затоа спринтот се скусува на само 4,1 секунди доколку се доплати за агресивниот седумстепен менувач со двојна спојка. Баварците го сопираат М3 на 250 km/h, односно по избор на 280 km/h, додека Alpina е „отворена“ и ќе забрзува до неверојатни 306 km/h.

Доживувањето го заокружува длабокиот бас од издувот Akrapovic

Мајсторијата на B3 S Bi-Turbo е во начинот на којшто ја пренесува моќта врз асфалтот. Тој е најспортскиот и најуправлив модел на Alpina. Со енормниот вртежен момент кој се „пумпа“ уште при ниски вртежи, B3 остава впечаток дека е помоќен од M3. Целината се заокружува со длабокиот звук од издувниот систем кој е изработен кај специјалистот Akrapovic.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За моделското освежување во март годинава, во Alpina вградија нови турбополначи, поголеми за 10 проценти, го подобрија и ладењето. Неколку зафати придонесоа и менувачот да работи побрзо.

Динамиката е важна, но не смее да се жртвува комфорот

Подвозјето на B3 S Bi-Turbo е развиено за возење по пат, место по тркачки патеки. Тоа прави возењето да биде покомфорно отколку кај M3, кој со тркачкиот сетап потскокнува на секоја нерамнина на патот. Може да се доплати и за верзија со погон на сите тркала – со ориентација на задната оска, секако.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во Alpina отсекогаш посветувале големо внимание во аеродинамиката. Мали интервенции придонесуваат B3 да вози со исклучителна стабилност при високи брзини.

Без разлика што B3 S Bi-Turbo однадвор изгледа речиси како стандарден модел, познавачите лесно ќе откријат за што станува збор. Alpina обично ги испорачува автомобилите во препознатливата сина боја, својствена за марката. Тенките украсни ленти во сребрена или златна боја се класика. Тоа е печат на Alpina уште од 1970-те години. По желба на клиентот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Материјалите во кабината исто така се разликуваат од стандардниот модел. Кој сака да мине „поевтино“, може да добие ентериер ист како во серија. Во принцип, сé е можно. Речиси сé. Во седиштето во Бухлое некогаш се резервирани кон специјалните нарачки кои доаѓаат од Блискиот Исток. Во Alpina не сакаат да си дозволат да го изгубат имиџот. Освен по брзината, нивното име е ценето и поради вкусот.

Технички податоци · Alpina B3 S Bi-Turbo

  • Должина x ширина x висина (m): 4,63 x 1,81 x 1,43
  • Меѓуоскино растојание (m): 2,81
  • Мотор: 6 цилиндри во линија, 2979 ccm, битурбо, директно впрскување
  • Моќност: 324 kW / 440 КС при 5500-6250 /min
  • Вртежен момент: 660 Nm при 3000-4500 /min
  • Крајна брзина: 306 km/h
  • Забрзување 0 до 100 km/h: 4,3 s.
  • Просечна потрошувачка: 7,9 L
  • Емисија на CO2: 180 g/km (Euro 6)
  • Празно возило / Носивост: 1705 kg / 560 kg
  • Багажник: 480 Liter
  • Тежина на приколка: 1800 kg
  • Бандажи / Гуми: 8J x 20 / 245/30 ZR 20 напред, 9J x 20 / 265/30 ZR 20 назад
  • Цена во Германија: 72.900 евра
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes банкарска подружница

Оваа банкарска подружница не стои во место

volkswagen uefa partnerstvo

Hyundai заминува, нов партнер на УЕФА е Volkswagen