Заради заштеда, шефот Мајк Манли ја скуси моделската понуда на Alfa Romeo. Италијанската марка со вредна традиција во иднина ќе нуди само четири модели.
За марката Alfa Romeo се најавуваше враќање на голема врата. Италијанците во 2015 година ја претставија Giulia, којашто требаше да претставува веродостојно продолжение на богатата традиција на марката. Во новиот модел беше вложено многу, во првата лимузина на миланската марка со заден погон по Alfa 75 од 1985 година. По една година следеше и СУВ-моделот Stelvio. Двата модели во почетокот се продаваа добро, но големиот пробив на пазарот сепак изостана.
Шефот на Fiat Chrysler, Мајк Манли, драстично ги скуси плановите за развој на Alfa Romeo. Малечкиот MiTo и спортскиот 4C веќе не се произведуваат, додека продукцијата на компактниот модел Giulietta ќе заврши в година, без наследник. Од планот се симнати и новиот суперспортски автомобил што требаше да го наследи 8C, спортската лимузина со 600 КС позиционирана над Giulia и големиот СУВ-модел. Верзиите со продолжено меѓуоскино растојание од Giulia и Stelvio, наменети за кинескиот пазар, исто така се избришани од плановите.
Alfa Rоmeo уште е многу далеку од планот за 400.000 автомобили годишно, во првите девет месеци од 2019 година се продадени одвај 70.000 возила
Alfa Romeo во иднина ќе нуди само четири модели: Giulia и Stelvio, а покрај нив по еден малечок и еден компактен СУВ-модел. Италијанците го прикажаа последниов модел преку студијата Tonale, чијашто сериска изведба се очекува во 2021 година. Моделите Giulia и Stelvio ќе имаат мало освежување во истата година, за во 2022 година да се појави и малечкиот СУВ.
Скусувањето на моделската понуда има за цел да се смалат трошоците и марката повторно да стане профитабилна. Според првичните планови, Alfa Romeo требаше во 2022 година да достигне продажба од 400.000 автомобили годишно. Но, марката моментно е многу далеку од тие планови. Од јануари до септември, Италијанците продадоа само 67.500 автомобили, што е за една третина помалку отколку во истиот период лани.
Lancia во Италија со поголема продажба од Alfa Romeo во цела Европа