119
17 shares, 119 points

Студијата што беше прикажана на Меѓународниот саем во Канада во 1967 година беше своевидна најава за еден од највпечативите купе-модели во декадата што следеше. Марчело Гандини, дизајнер на Bertone, креираше компактен автомобил со дотогаш невидени детали, како двојните светла поставени зад ламели или впечатливите отвори за воздух зад вратите. Вистинскиот спектакл сепак го приредуваше моторот V8 од тркачката Alfa Romeo Tipo 33.

Директорите на Alfa Romeo добија необичен повик од Монтреал. Организаторите на Меѓународниот Саем во 1967 година во канадскиот град, го осмислија важниот светски настан под мотото „Човекот и неговиот свет“, со нагласок на иднината. Саемот беше тематски поделен на повеќе подрачја. Едно од нив беше насловено „Man the Producer“, замислено за индустриски производи, вклучувајќи и автомобили. Канаѓаните испратија покана до Alfa Romeo, да ја претставува целата бранша и да изработи концептен автомобил што најдобро ќе го претставува тематското подрачје.

Alfa Romeo го ангажираше дизајнерското студио Bertone, да го изработи концептниот автомобил. Во тоа време, Марчело Гандини е ценет и надежен млад дизајнер, има одвај 30 години. Неговото последно дело е Lamborghini Miura и целата светска сцена го обожува овој автомобил. Гандини подоцна ќе ги креира и Lancia Stratos или Fiat 132.

Времето ги престигна Италијанците и двата автомобили за саемот во Канада имаа мотор напред, место средишно вграден мотор

Концептниот автомобил Alfa Romeo Montreal е долг само 4,22 метри и назад останува простор само за помошни седишта. Впечатливите отвори за воздух зад вратите и големиот застаклен заден капак го навестуваат погонскиот концепт. Автомобилот требаше да поседува средишно вграден мотор. Но, времето ги престигна Италијанците и двата автомобили за светскиот саем во Канада има мотор напред. Како основа служеше шасијата од Giulia.

Публиката реагира одушевено, саемот има по половина милион посетители дневно. Двата автомобили со каросерија лакирана во бело немаат име, но проблемот се решава брзо. Неофицијално, тие го добиваат името Montreal. За време на шестмесечниот светски саем, Alfa Romeo постојано добива барања да го развие студискиот автомобил во сериски модел.

View this post on Instagram

L'Alfa Romeo Montreal è una delle vetture sportive più simboliche del marchio, nel 1967 Alfa Romeo venne incaricata dagli organizzatori della kermesse Canadese di creare un auto che potesse raffigurare la massima aspirazione dell'uomo per l'Expo Canadese, nasce così il primo prototipo della Montreal. Nel 1970 venne presentata ufficialmente a Ginevra, il prezzo era di 5.700.000 lire, ma l'auto era dotata già di finestrini elettrici e aria condizionata, il motore era un potente 2.6l V8 da 200hp abbinato a un cambio a 5 marce manuale zf invertito. La Montreal riusciva a raggiungere i 224km/h con uno 0-100 di 7s, furono eseguiti anche diversi test di affidabilità tutti con esito positivo, purtroppo però la Montreal non ebbe il successo sperato da Alfa Romeo casa anche della crisi del petrolio di quegli anni, fù prodotta fino al 1977 in solo 3925 esemplari. ————————————————————— Photo by @minarikd ————————————————————— #montreal #alfaromeoclassic #classicalfaromeo #carculture #autodelta #alfaromeomontreal #classiccar #classicdriver #carvintage #vintagecar #alfaholics #lameccanicadelleemozioni #petrolicious #getoutanddrive #drivevintage #vintagecars #autodepoca #gentlemandriver #classiccardaily #carpassion #drivetastefully #retrocars #petrolhead #classiccarsculture #driveclassics

A post shared by Addicted To Speed ™ (@addictedtospeedofficial) on

За тоа време, во развојното одделение веќе се работи на тоа. За производството да не биде прескапо, инженерите се решаваат да ја задржат шасијата од Giulia. Оригиналниот дизајн на Гандини трпи само неколку измени, кои главно се во светлата, заради прописите. При вклучуавње на светлата, ламелите пред нив по механички пат се преклопуваат надолу и го ослободуваат просторот пред светлата.

Околу изборот на моторот нема двоумење. Тој мора да одговара на тоа што го ветува дизајнот на каросеријата. Италијанците го користат како основа тркачкиот V8 од Tipo 33 и го приспособуваат за „цивилна“ примена. Тоа подразбира и зголемување на работната зафатнина од два на 2,6 литри, со цел да се постигне порамномерно ослободување на моќноста.

Напојувањето на осумте цилиндри со гориво е задача на механички систем за впрскување од Spica. Моќноста е мошне убедлива, 200 КС при 6.400 вртежи. Звукот ги открива тркачките гени на моторот. Петстепен мануелен менувач од ZF ја пренесува моќта до задната оска, вклучувајќи и механичка блокада на диференцијалот.

Менувач со класична тркачка шема: Првиот степен е влево па назад

Највпечатлив детал е шемата на менувачот. Првиот степен е како кај тркачките автомобили, лево и назад. Таа шема е вообичаена во мотоспортот, кадешто првиот степен служи само за поаѓање и за брзината на менувањето е важно вториот и третиот степен да бидат во иста линија, исто како и четвртиот и петтиот степен.

Премиерата на Alfa Romeo Montreal е на салонот во Женева во февруари 1970 година. Специјализираните новинари посебно ги ценат одличните возни својства на гран туризмо автомобил за долги патувања. За тоа се заслужни комфорното подвозје и крајната брзина од 220 km/h. Спринтот од место до темпо сто трае 7,6 секунди.

Изработката на автомобилот се одвива во соработка меѓу фабриката во Арезе и Carrozzeria Bertone. До 1977 година се произведоа само 3.925 примероци, што е одличен успех, имајќи ја предвид високата цена на Monteal. Поради одличниот квалитет на завршна изработка, голем број возила денес се наоѓаат во вредни колекции на олдтајмери.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

119
17 shares, 119 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *