за

Alfa Romeo ќе продава електричен СУВ со техника од Peugeot

Alfa Romeo ќе продава електричен СУВ со техника од Peugeot
Alfa Romeo ќе продава електричен СУВ со техника од Peugeot

Спојувањето на Fiat Chrysler со PSA Peugeot Citroen е во тек, престојат големи промени кај марката Alfa Romeo. Италијанците во 2022 година ќе стартуваат со малечок електричен СУВ што ќе ја користи техниката од Peugeot e-208.

Откако Giulietta ќе се пензионира кон крајот на годинава, Alfa Romeo ќе остане на само два модели, на Giulietta и на Stelvio. Покрај тоа, италијанската марка заостанува и во електрификацијата. Тоа ќе се смени по спојувањето меѓу Fiat Chrysler и PSA.

Alfa наскоро ќе добие компактен СУВ со електричен погон, што ќе ја користи техниката од Peugeot, односно ќе се базира врз платформата од Peugeot e-208. Истата платформа моментно ја користат уште Opel Corsa-e и DS3 Crossback. Моделот под знакот на миланската марка се очекува за 2022 година.

Станува збор за СУВ-модел со големина на Volkswagen T-Cross и Suzuki Vitara. Со батерија од 50 kWh, идната Alfa ќе вози околу 300 километри со едно полнење на батеријата. Моќноста од 136 КС од електромоторот ќе се пренесува до сите четири тркала. Може да се очекува дека идниот малечок СУВ на Alfa Romeo ќе се нуди и во верзии со обичен погон, исто како што е случај со француските модели врз платформата CMP.

Lancia во Италија со поголема продажба од Alfa Romeo во цела Европа

Lancia_Ypsilon_19
Lancia Ypsilon ’19

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Филм на Lexus Такуми-мајстор се станува по 60000 часови работа

Филм на Lexus: Такуми-мајстор се станува по 60.000 часови работа

Новиот Sorento веќе е трет најпродаван модел на Kia

Новиот Sorento веќе е трет најпродаван модел на Kia