за

Alfa Romeo купена за десет илјади, продадена за 16 милиони евра

alfa romeo 8c 2900 b touring berlinetta

Исклучително редок олдтајмер Alfa Romeo 8C 2900B Touring Berlinetta, пред четириесетина години му бил вреден 10.000 евра на тогашниот купувач. Инвестицијата не можело да испадне поисплатлива, затоа што италијанскиот автомобил сега се продаде за баснословна сума

На големо наддавање за време на салонот за олдтајмери Ретромобил во Париз, на 40-годишниот јубилеј на манифестацијата, во минатата недела се смени сопственикот на еден исклучително редок автомобил – за милионска сума. Станува збор за Alfa Romeo 8C 2900B Touring Berlinetta, произведена во 1939 година, којашто на наддавањето се продаде за сума од 16.745.600 евра.

Конкретната изведба на 8C е изработена во само пет примероци

Оваа Alfa стана трет највреден автомобил од предвоеното време. Претходниот сопственик има причина да биде неизмерно радосен. Тој го купил возилото во 1976 година по вредност на денешни 10.000 евра. Проценителите очекуваа и повисока сума, дури и до 22 милиони евра, затоа што од Alfa 8C се изработени само 50 примероци, од кои триесетина користеле 2,9-литарски мотор, а од конкретнава варијанта постоеле само пет примероци. Во предвоениот период, оваа Alfa била најбрз автомобил надвор од тркачките патеки.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Италијанскиот автомобил бил донесен на англиска територија уште пред избувнувањето на втората светска војна. Потоа се смениле уште четири сопственици, пред таткото на доскорешниот сопственик – и сегашен милионер – да го купи возилото во 1976 година во вредност на денешни 10.000 евра. Alfa била дел од вредна колекција и ретко го гледала светлото на денот. Познавачите ценат дека во последните 43 години, автомобилот имал изминато само 12.500 километри.

Новиот сопственик е приватен колекционер од САД.

Мото-рели со олдтајмери се вози на Истра во јуни

Alfa Romeo владее на сцената на олдтајмери во Јапонија

Топ 10 Најскапи автомобили на наддавањето во Калифорнија

Ferrari ги прославува четириседите што ги обожуваше Енцо

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

reimo kamping kutija gls

Mercedes GLS со приколка за кампување во багажникот

Volvo V60 Cross Country

Нордиска комбинација: Volvo V60 Cross Country