за

Alfa Romeo 6C во напад на Jaguar F-Type

Како што пишува британскиот магазин Auto Express, Италијанците подготвуваат спортско купе што ќе им се спротивстави на моќниците Porsche 911 и Jaguar F-Type. Основата е од концептот Maserati Alfieri.

По суперавтомобилот 8C изработен во ексклузивна серија и по суперлесниот 4C, Alfa Romeo подготвува уште едно купе по кое што ќе лудуваат „алфистите“, но и повеќе други. Според информациите со коишто располага британскиот магазин Auto Express, миланската марка работи на ново купе со мотор напред и погон назад, со можна ознака Alfa Romeo 6C. Моделот е одговор на Porsche 911 и Jaguar F-Type, изработен врз основа на концептот Maserati Alfieri од салонот во Женева. Ова купе официјално влегува во серија во 2016 година, а Alfa Romeo 6C ќе следува една година подоцна.

alfa-romeo-6-c2

Новиот спортист од марката со змијата нема да ја користи платформата од идната Giulia, чијшто старт се очекува кон крајот на 2015 година, односно од големиот спортски теренец најавен за почетокот на 2017 година, туку ќе се базира врз скусена платформа од Ghibli, исто како и Maserati Alfieri. Под хаубата ќе работи трилитарскиот твин-турбо V6 со моќност меѓу 490 и 530 КС, што е повеќе од конкурентно за спротивставување на Jaguar F-Type Coupe V8 R и Porsche 911 Turbo.

Исто како што 4C е ограничен на 3.500 примероци и 8C се прозведе во серии од по 500 примероци од купето и спајдерот, ниту 6C нема да се произведе во повеќе од две до три илјади примероци. Со купето 6C ќе се пополни просторот во понудата на модели, откако шефовите во Торино решија идното купе најавено за крајот на 2015 година и конструирано на заедничка основа со идниот Mazda MX-5 да го продаваат како Fiat Spider.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan 370Z Nismo доби моделско освежување

Најевтините лимузини од средната класа на нашиот пазар