ИсторијаМагазин

Alfa Romeo има ново лого … и никој не го забележува

Светот е во толкава еуфорија од новата Giulia што никој не забележа дека таа доаѓа заедно со ново лого. Тоа изгледа многу поедноставено во споредба со старото, но нема причина за паника.

Сите логоа некогаш се менуваат. На Alfa Romeo исто така. Колку што Италијанците се мајстори за церемонии, толку уживаат и во прикажувањето на своите дела преку симболични чинови. Alfa Romeo Giulia го означува новиот почеток на миланската марка, нејзината премиера се случи во новоотворениот музеј со историските модели на марката во Арезе, а соодветно на новиот почеток е ново и логото. Прво се забележува дека новото лого е многу поедноставено во споредба со досегашното, и тоа води кон прашањето, зошто едно од најспектакуларните и најпочитувани логоа во автомобилската бранша сега се деградира визуелно. Објаснувањето е многу едноставно: изгледот на новото лого е многу посличен со оригиналното од 1910 година.

Трансформацијата на логото на Alfa Romeo низ историјата

Alfa Romeo Logo History

Но, сега кога логото на Alfa Romeo повторно (не) е во центарот на вниманието, многумина ќе се запрашаат: Што всушност претставува тоа, и дали навистина змијата го проголтува човекот?

Логото е круг поделен вертикално на две половини. Во левата половина е прикажан црвен крст на бела подлога. Неговото значење се објаснува лесно. Станува збор за грбот на градот Милано, каде што порано се произведувани автомобилите на Alfa Romeo.

Змија ли е? Змеј? Јазик? Човек?

Повозбудливиот дел е во десната половина на кругот. При површно гледање може да се помисли дека станува збор за некој вид на крунисана змија-змеј со црвен јазик. Но, ако се погледне подобро, јазикот не е поделен на два дела, како што е вообичаено кај змиите, туку има три дела. Тука воопшто и не станува збор за јазик, туку за човек што до половина виси од челуста на рептилот. Зарем навистина Alfa Romeo прикажува змија што проголтува човек во своето лого?

Новото лого на Alfa Romeo
Новото лого на Alfa Romeo

Животното потекнува од грбот на Висконти, најмоќната фамилија во Милано во 14-от век, од каде што нели потекнува и марката Alfa Romeo. Помалку е јасно што прави змијата и како е дојдена тука. Според легендата, Висконтијците го презеле грбот од штитот на непријателот што го победиле во светите војни. Според некои извори станува збор за дете од фамилијата Висконти, коешто до половина било проголтано од змијата, но таа повторно го пуштила. Така доаѓаме и до одговорот на прашањето што прави змијата, којашто во оригиналниот поим се спомнува како „Бискионе“.

Колку повеќе извори се консултираат, толку има повеќе варијации за историјата на потеклото на грбот. Но, барем едно е јасно. Бискионе е симбол на Милано и се користи и во логоата на други италијански претпријатија.

Ломбардискиот автопроизводител – Alfa e скратено од Anonima Lombardia Fabbrica Automobili – го користи логото уште од 1910 година. Официјалното толкување на логото според експертите на Alfa Romeo е следното. Отоне Висконти го презел грбот од штитот на поразен сараценски рицар. Тоа што виси од челуста на змијата, во никој случај не е „мал оброк“, туку е нов човек, прочистен и освежен. Како животно со кружна форма – ако се земе во предвид дека таа се склопчува во круг – змијата претставува симбол на препородот, способна да ја обнови својата кожа и самата себе. Тоа е многу побезопасно и многу поедноставно значење, но затоа и многу пологично.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729