142
21 shares, 142 points

Audi RS 5 мора да признае пораз од Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio во единствената дисциплина што е важна за врвните спортски модели во средната класа – на тркачка патека. Германскиот магазин Ауто Билд, како и секогаш ги оценува двата модела објективно и стручно

Споредбениот тест на магазинот Ауто Билд го пренесуваме во целост.

Audi против Alfa. Автомобилските гурмани нека залегнат убаво и нека уживаат. Овие автомобили имаат нешто вредно под хаубите. Кога велиме Audi против Alfa, мислиме на ова: 450 против 510 КС. Ќе биде жешко! Веќе погодувате: Ги споредуваме врвните атлети во двете моделски серии. И теренот ветува многу. Се наоѓаме на Миревал во јужна Франција, на патеката за тестирање управливост на Goodyear. Тука Audi RS5 и Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio ќе се најдат во дуел за наодоброто време и за подобриот концепт во класата на спортистите во средната класа.

Audi и Alfa користат битубро V6

Двајцата противници немаат многу заедничко. Двајцата ја извлекуваат моќноста од битурбо V6 со зафатнина од 2,9 литри. Сé останато е соочување на спротивности. Поради тоа е поголема неизвесноста околу прашањето: Кој тип на карактер ќе се докаже на тркачката патека, дали тоа ќе биде расната Италијанка или перфекционистичкиот Германец? Audi и Alfa се опремени врвно, но за оценувањето влијаат само системите коишто влијаат врз возната динамика. RS 5 меѓу другото поседува пакет за динамика RS (5.900 евра) со спортски диференцијал и спортско подвозје, вклучувајќи Dynamic Ride Control.

За неколку килограми помалку и за подобро тежиште, покривот е од карбон (3.500 евра). Длабока дупка во касата оставаат дополнителните 6.000 евра за керамички сопирачки. Моторот на Audi уште при стартувањето се јавува со длабоко татнење, како да сака да разјасни дека не треба да се тагува по атмосферскиот V8 од неговиот претходник.

Audi и натаму има премногу тежина врз предната оска

Мотото за „кватро што вози како по шини“ влева голема доверба уште при кругот за загревање. Прецизното управување му дава одлична поддршка на погонот. На излегување од свијок, кај RS не треба двапати да се размислува кога е вистинското време за повторно да се притисне врз гасот. Купето е за повеќе од 100 килограми полесно од претходникот. Но, поголемиот дел од тежината и натаму паѓа врз предната оска.

Како и секогаш, предните тркала сосем предвидливо влечат надвор од свијокот. Во секое време може да се коригира правецот, без да се доживеат непријатни изненадувања. Според тоа, не е предизвик со Audi да се извози брз круг. Се префрлуваме на борбената линија. Како што се загреваат гумите растат и брзините во свијоците. RS неутрално управува во свијоците и излегува од нив со голема умешност.

При поамбициозно менување на степените сепак се забележува мало доцнење при префрлување во повисок степен. Место менувач со двојна спојка, во актуелниот RS 5 работи помек автоматик со претворач на вртежен момент. Тоа е недостаток кога се брка најдобро време. Сепак е возбудливо кога RS 5 забрзува на правците.

Опашот на RS 5 станува немирен при сопирање пред свијок

Многу време се губи поради немирниот опаш при силно сопирање пред шиканите. Линијата мора да се коригира пред влезот во комбинацијата десно-лево. Тоа не е драматично, затоа што Audi прецизно го совладува остатокот од патеката. Сé е според правилото на служба. Пулсот веќе одамна е смирен, кога штоперицата запира на 1:36,60 минута. Се префлуваме во Alfa.

Тука има за 60 КС повисока моќност во комбинација со тежина пониска за 50 килограми. На тоа се надоврзува само една погонска оска, којашто е поврзана со моторот преку карданско вратило од карбон. Заради пониско тежиште, покривот и хаубата се од истиот материјал, сé како дел од серискиот пакет.

Затоа, пак, потребно е да се доплати за одличните школкасти седишта од Sparco, со цена од 3.800 евра. Речиси двојно повеќе од тоа се доплаќа за керамички сопирачки од Brembo.

За разлика од Audi, моторот V6 во Alfa работи автентично и природно, без вештачки произведени звуци. Феноменалното повлекување го остава човек без здив. Кога ќе се притисне десната педала, Алфа-животното полетува.

Alfa го остава Audi без шанси на тркачката патека

При загреани сопирачки, Giulia се закотвува уште побурно од RS 5, но притоа има доста мека притисна точка. Чувството на педалот сепак останува константно и апсолутно пресметливо, иако дозирањето е малку послабо отколку во Audi. Почнува брзиот круг, часовникот одбројува.

Alfa се катапултира од секој свијок, а опашот соработува при влегувањето во свијокот. Системот за регулирање на возната динамика дозволува меки зафати на контролата на стабилноста при вклучен тркачки модус. Опашот може спокојно да се пушти да лизга во долгиот десен свијок пред целниот правец.

sporedba alfa audi-12

sporedba alfa audi-22

Alfa неверојатно вешто игра по патеката. Остануваат уште неколку метри до дознавањето на времето на круг. Уште се чувствува моќното повлекување и зависноста што тоа ја создава. Со малку рутина, пробивањето низ тесните свијоци е лесна вежба. Не е само чувството тоа што вели дека Alfa е побрза, туку таа и навистина е побрза. Со време од 1:36,07 минута, таа е за повеќе од половина секунда побрза од RS 5.

Субјективно изгледа како разликата да е уште поголема. Двата автомобила имаат доволно тракција, но погонот на сите тркала на Audi додава килограми и одзема од уживањето во возење. Така доаѓаме до заклучокот: Audi е мазен, Alfa е возбудлива. И тоа, многу.

Заклучок на авторот Штефан Новицки

RS 5 самиот се блокира во оваа споредба со својот перфекционизам. Giulia не само што е побрза на патеката, туку и буквално нé наелектризира со своите спортски таленти. Тоа е заслужена награда за враќањето на марката кон своите корени.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

142
21 shares, 142 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730