125
22 shares, 125 points

По топлотните бранови обично следат поројни дождови. Условите на возење се менуваат за миг, дури и искусните возачи во тие моменти забораваат на опасноста од аквапланинг

Аквапланингот не е тајна за возачите и во основа секој возач знае за опасноста од пребрзо возење при силен дожд. А, тој се појавува кога се очекува најмалку. Пороен дожд во екот на летото, за миг го поплавува асфалтот и возачот уште нема ниту помислено да ја приспособи брзината, а водениот клин под гумите веќе се создал.

На воланот се чувствува како тркалата да вртат во воздух, а притискањето на сопирачките е првото најлошо што возачот може да го направи во тој момент. Тоа не значи друго, освен: Со возилото не се управува, брзината не се контролира. Доколку напред има друго возило и возачот се обиде да го избегне, престројуваќи се во соседната лента или силно притискајќи врз сопирачката, ништо од тоа нема да му успее.

аквапланинг

Зошто се случува аквапланинг?

При таканаречениот аквапланинг, меѓу газечката површина на гумата и патот се создава воден клин, поради преголемата количина вода на патот. Пред гумата се создава еден вид бран, затоа што водата не може да се потисне доволно брзо. Во краен случај, гумата целосно го губи контактот со патот. Со возилото не се управува, сопирачките немаат дејство.

Системите АВЅ, EЅР и новите системи за асистенција не помагаат во тие случаи, затоа што гумите практично се однесуваат како да лизгаат по мраз. За системите да дејствуваат и да го стабилизираат возилото, потребно е да постои барем минимално триење меѓу гумата и подлогата – што не е случај тука.

Сцена од мерењето на брзината при која што се појавува аквапланинг односно опасното создавање воден клин под гумите

Аквапланингот зависи од следните влијанија:

Длабочина на водата

Колку е подебел слојот вода врз патот, толку е пониска брзината при којашто почнува да се појавува аквапланингот. При таа брзина уште може да се контролира возилото. Оваа брзина се нарекува и брзина на запливување.

Брзина на возење

Брзината на запливување се мери задолжително при тестирањата на гуми од релевантни организации (авто клубови, специјализирани магазини) и тоа влегува во крајната оцена на секој модел на гума. Тестирањата се вршат при воден спој со длабочина од 7 милиметри, со гуми со длабочина на профил од 8 милиметри. Брзините во овие услови обично се движат меѓу 75 и 85 km/h. Единствено кај тесни гуми (155 mm), запливувањето може да се случи при брзини над 90 km/h.

Во реални услови, слојот вода при пороен дожд обично е многу подлабок од 7 милиметри, а длабочината на профилот на гумата е помала од 8 милиметри. Поради тоа, во услови на силен дожд не треба да се вози побрзо од 80 километри на час.

Ширина на гумите

Водата не може доволно брзо да се потиснува странично од гумата и се насобира пред неа, како еден вид бран. Колку е поширока гумата, толку е поголема и количината на вода што треба да се потисне странично, а дополнително е подолг и патот што треба да го измине водата додека се истисне од газечката површина. Тоа значи дека пошироките гуми, во исти услови, можат да предизвикваат аквапланинг при пониска брзина, отколку ист таков модел на гума, но со помала ширина.

Гумите од водечките производители обично поседуваат посебно дизајниран газечки профил, со што во одредена мера се намалува чувствителноста на аквапланинг кај пошироките гуми.

Длабочина на профилот

За да се постигне контакт меѓу блоковите на профилот и подлогата, водата мора да се собира во жлебовите во профилот и да се одведува оттаму. Кога гумите се истрошени, односно профилот е поплиток, соодветно се смалува и пресекот на овие жлебови. Тоа значи дека жлебовите кај гуми со истрошен профил можат да одведат помалку вода, отколку нови гуми.

Тестирањата покажаа дека кај гуми со профил што е поплиток од 3 милиметри, аквапланингот може да се појави дури и кога патот е само влажен, при брзини од околу 100 километри на час.

Притисок во гумите

Аквапланингот во голема мера зависи од правилниот притисок во гумите. Кога притисокот е понизок, толку е поголема шансата да се појави аквапланинг. Тоа е уште една причина за притисокот на гумите да се проверува редовно.

Квалитет на патот

Лош квалитет на патот и недоволен наклон на патот, како и нерамнини, особено надолжни жлебови што се создаваат од тешки камиони, дополнително придонесуваат за појавувањето на аквапланингот. Од наклонот на патот зависи брзината со којашто водата може да истекува странично.

Гумите постојано го следат напредокот на автомобилот во целина – тие сепак се главната врска

Совети за безбедно возење при силен дожд

Проверка на возилото

· Редовно проверувајте ја длабочината на профилот по целата негова ширина и по целиот обем на гумата. Сменете ги истрошените летни гуми најдоцна кога длабочината профилот ќе падне под 3,5 милиметри. Од таа граница нагло се зголемува чувствителноста на аквапланинг.

· Редовно проверувајте го притисокот во гумите

· Проверете дали гумите се монтирани правилно (насока на вртење)

· При купувањето нови гуми посветете внимание и на својствата при аквапланинг (во тестовите што ги објавуваме редовно)

· Не ги следете возачите кои возат побрзо при силен дожд

· Внимавајте на жлебови во патот и на места на коишто очекувате да има насобрано вода

· Намалете го тонот на музиката, за да можете да го слушнете зголемувањето на бројот на вртежи на моторот, коешто се случува при аквапланинг, поради запливувањето на тркалата; за слушање на звукот од гумите, исто така.

· Внимавајте на знаците за запливување на тркалата: Кај возила со преден погон и без контрола на тракција, вртежите на моторот варираат при достигнување на брзината на запливување; ако постои контрола на тракција, следете ги реакциите на возилото и светнувањето на контролните светилки

· Кога тркалата ќе запливаат, не го вртете воланот и не сопирајте. Префрлете го менувачот во празен од и не маневрирајте нагло. Пуштете возилото само да ја намали брзината и внимавајте повеќе при натамошното возење

· Бидете особено претлазливи кај возила со заден погон, затоа што запливувањето на тркалата помалку се чувствува на воланот.

Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 205/55 R 16 V

Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 175/65 R14 T


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

125
22 shares, 125 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743