за

Чист акумулатор има помалку шанси да откаже

подготовка за зима, акумулатор

Секојдневно возење на кратки растојанија, вклучување на сите можни потрошувачи на струја во кабината, целосно празнење – сето тоа го оптоварува акумулаторот и го скусува неговиот век. Со малку грижа и внимание може да се спречи прераното откажување

Акумулаторот е изворот на електрична енергија во секој автомобил. Тој е изложен на големи оптоварувања во студените и темни месеци, кога треба да обезбеди енергија за светлата, за бришачите, за клима-уредот, а дополнително и за радиото, греењето на стаклата и ретровизорите. Доколку автомобилот се вози само на куси растојанија од неколку километри, поголема е шансата дека акумулаторот еден ден ќе остане празен.

При возење на куси растојанија од три или четири километри се троши многу енергија. Алтернаторот за тоа кусо време не успева да го наполни акумулаторот до потребниот степен. Целосно полнење на акумулаторот е можно само при возење на подолги растојанија, кога возилото е веќе загреано и потрошувачката на енергија се намалува за извесна мера.

акумулатор совети

Јасен знак дека акумулаторот се испразнил премногу е тешкото вртење на анласерот, на стартерот. Целосното празнење на акумулаторот, кога неговиот капацитет е исцрпен до крај, може да предизвика трајна штета. Тоа може да се избегне со малку грижа околу акумулаторот и со полнач.

Секое прекумерно празнење на акумулаторот го смалува неговиот капацитет за полнење

Но, зошто експертите секогаш советуваат акумулаторот да се одржува чист? Затоа што нечистотијата на половите на акумулаторот, особено мрснотиите и мастите, може да предизвика протекување на таканаречени ползечки струи, коишто дополнително го оптоваруваат акумулаторот. Приклучоците треба редовно да се чистат. Доколку возилото се остава да мирува подолго време, треба да се откачат клемите на акумулаторот и истиот да се приклучи на полнач. Честопати се случува полнењето на акумулаторот да е невозможно, откако тој ќе се испразни целосно.

Цените не се гаранција за квалитетот

Специјализираните работилници располагаат со потребите уреди, за точно мерење и одредување на состојбата на автомобилскиот акумулатор. Полнење меѓу 40 и 80 проценти е оптимално. Генерална процена на трајноста не може да се даде, затоа што секој акумулатор е изложен на различни услови, вклучувајќи го и личниот стил на возачот. Исто така нема гаранција и дека поскапите акумулатори се подобри акумулатори.

Johnson Controls го продаде бизнисот со акумулатори за 12 милијарди евра

Десет акумулатори на тест, еден не заслужи препорака

Го проверивте акумулаторот на возилото?

Што треба да се знае за акумулаторот на возилото

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 175/65 R14 T

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 205/55 R16 H

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Pro Ceed pocetok proizvodstvo

Во Словачка започна производството на новиот Kia Pro Ceed

загадување профит коментар

Коментар: Кој тоа профитира од загадениот воздух?