167
21 shares, 167 points

Работење од дома, место секојдневно патување до работа и назад, нема одење на гости и гоштавање во ресторан – тоа е новата рутина. Сообраќајот е намален во цела Европа. Според фирмите што работат во подрачјето на навигацијата, сообраќајот во Мадрид, Милано или е намален за 80 до 90 проценти. Автомобилите мируваат почесто, но пак бараат внимание. Акумулаторот може да ослабне кога возилото не се користи подолго време.

При развојот на акумулаторите, се зема превид и можноста дека возилото нема да се користи во одреден период. Сепак се случува автомобилите да мируваат подолго време и кога светот не се соочува со пандемија, на пример, при летен одмор. Доколку е технички исправен и наполнет, акумулаторот ќе функционира непречено и по неколку недели мирување на автомобилот. Празнењето изнесува до 3% на месечно ниво. Критично е само кога наполнетоста ќе падне под 12,4 волти.

Проблемите се јавуваат поради растечкиот број на електрични потрошувачи, кои го оптоваруваат акумулаторот и во времето кога возилото мирува. Некои од нив мора да останат во „стенд-бај“, односно да бидат подготвени во секое време. Тоа важи за алармниот систем, исто како и за пристапот без клуч, како примери за некои од системите кои постојано се во состојба на прием.

Неколку совети за одржување на акумулаторот во возилото:

  • Кога возилото мирува подолго време, вратите и багажникот треба да бидат заклучени – секако, тоа важи во случај возилото да стои во гаража или в двор. Кога бравите се заклучени, возилото преоѓа во „спиење“, односно потрошувачката на струја на сите потрошувачи се сведува на минимум.
  • Кога вратите се отклучени, активирани се и електричните потрошувачи, кои може да потрошат значителна количина на струја, пред да се вратат во состојба на спиење.
  • Акумулаторот треба да се чува сув и чист, затоа што нечистотијата и влагата може да поттикнат т.н. ползечки струи меѓу половите и на тој начин да го забрзаат празнењето.
  • Доколку возилото се користи само на куси релации, важно е бројот на потрошувачи при возењето да се сведе на минимум. Изгаснете го радиото и пуштете го клима уредот на најслабо. Честото посегање по електриката на прозорците исто така го празни акумулаторот. Важно е енергијата, што инаку би се потрошила на овој начин, да се користисти за полнење на акумулаторот.
  • При потреба од полнење, не го отстранувајте акумулаторот од возилото, без разлика што тоа е едноставно. На тој начин се избегнува бришење на меморијата, како и сите можни компликации што би произлегле од прекинот на напојувањето, особено кај поновите возила.
  • Доволно е напонот да се проверува повремено и акумулаторот да се наполни кога напонот ќе падне под 12,4 волти.

Што треба да се знае за акумулаторот на возилото

акумулатор совети


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

167
21 shares, 167 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *