за

Акумулаторот бара внимание додека возилата ни мируваат

подготовка за зима, акумулатор

Во овие посебни услови кога е ограничено движењето, помалку се користат и автомобилите. Кусите возења кои се недоволни за акумулаторот да се дополни, може во краен случај да доведат до потреба за тој да се замени со нов.

Синџирот на сервисни работилници во Велика Британија, Kwik Fit, објави информација дека во минатиов период е двојно зголемена побарувачката за нови акумулатори, во споредба со истиот период лани. Најчестата причина за зголемениот број на откажувања на акумулаторите се кусите возења.

Во април, во сервисните работилници на Kwik Fit точно за 100% е зголемен бројот на вградувања на нови акумулатори, во споредба со ланскиот април. Толкав број на замени на акумулатори обично имало во јануари во последните пет години. Причината за тие откажувања е сосем јасна, зимскиот студ. Но, времето одамна затопли, причината сега не може да е студот.

Моторот не работи доволно долго за акумулаторот да се наполни

Техничарите ценат дека оваа појава се должи на кусите возења, поради ограниченото движење. Моторот не работи доволно долго за акумулаторот да се наполни. Според априлската статистика, проблемот се јавувал и кај релативно новите акумулатори.

Советот е возачите кои не го користат возилото, да го стартуваат моторот еднаш до двапати неделно и да го остават да работи околу 15 минути. Тоа е најдобро да се практикува во најтоплиот период од денот. Се препорачува и проверка на клемите, односно појавата на корозија.

Кусите возења во актуелните услови се штетни за филтерот за честички

Пресек на филтер за честички чад од актуелната генерација. Овој филтер веќе е стандард во новите генерации автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Corolla најпродавани модели

Како се држат хибридите на Toyota во сиот електро-бум?

Полицијата запрела петгодишен возач, тргнал да купува Lambo

Полицијата запрела петгодишен возач, тргнал да купува Lambo