за

Првата пратка од електричниот Aiways е на брод за Европа

Првата пратка од електричниот Aiways е на брод за Европа

Петстотини примероци од електричниот СУВ-модел од кинескиот специјалист Aiways се на пат за Европа. Првиот контингент од Aiways U5 ќе се истовари на Корзика во јули, кадешто жителите и туристите ќе можат да го испробаат возилото, како и да го измајмат на подолго време.

Производителот на електрични автомобили и понудувач на услуги за мобилност Aiways започна со испорака на првите 500 примероци од СУВ-моделот U5 за Европа. Бродот од Кина ќе ги истовари возилата на францускиот остров Корзика во јули. Жителите и туристите ќе бидат меѓу првите во Европа што ќе го искусат Aiways U5. Возилото ќе се изнајмува преку локалната подружница на Hertz.

Со оваа пратка, Aiways ќе стане прва кинеска стартап-компанија што ќе испорача електрични возила во ЕУ, во време додека државите во Унијата вложуваат масовно во поддршка на возилата со нулта емисија на штетни материи и во повторното заживување по отпочнувањето на корона-кризата.

Александер Клосе, заменик извршен директор за извоз, коментира: „Охрабрени сме од последните потези на европските лидери, за вложување и раст на пазарот на електрични автомобили. При нашето рекордерско возење со прототипот на електричниот автомобил лани, научивме дека европските купувачи бараат попрактичен избор на возила со нулта емисија. Се гордееме што сме дел од ова движење и од зголемувањето на достапноста на електричните возила за корисниците.“

Два претсериски примероци од Aiways U5 лани минаа 15.000 километри од Кина до Германија

При епската авантура со електричен автомобил долга 15.022 километри, во времетраење од 53 денови, од кинескиот Сиан до Франкфурт, два претсериски примероци од Aiways U5 минаа низ повеќе европски држави. Овој потфат беше искористен маркетиншки, за возилото да им се претстави на можните партнери и на корисниците.

Во чест на првата испорака на Aiways за извоз се одржа прослава во Шанграо, кадешто компанијата располага со производствен капацитет за 150.000 возила годишно. На прославата присуствуваа претставници од кинеската влада и од автомобилската индустрија.

Aiways наскоро започнува со нарачки за електричниот СУВ во Европа

Aiways наскоро започнува со нарачки за електричниот СУВ во Европа
Aiways наскоро започнува со нарачки за електричниот СУВ во Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki во поддршка на кампањата за преоѓање на мотоцикли во Британија

Suzuki во поддршка на кампањата за преоѓање на мотоцикли во Британија

toyota hilux 2020

Кога во Toyota работи дизел, тогаш е Hilux: Новини кај пикапот