115
17 shares, 115 points

Со четири оцени „добро“ и дури пет оцени „доволно“, гумите за сите сезони не се покажаа во најдобро светло на тестот што клубот АДАК го изврши посебно за овој тип гуми. Избраната димензија на гумите на тестот одговара за моделите од градската класа, односно Polo, Fiesta и други.

Деветте модели на големиот тест на клубот мораа да ги докажат своите способности на сув и на влажен пат, но и на мраз и на снег. Резултатите во одделните критериуми на тестот беа најмногу изедначени кај гумите Nexen N blue 4 Season. Последни на тестот се гумите Michelin CrossClimate, коишто покажаа големи слабости при возење по снег.

Оцените од претходните тестови на гуми за сите сезони: Доволно, недоволно

На претходните тестирања во 2014 и 2016 година, повеќето од моделите на гуми за сите сезони добија оцени „доволно“ или „недоволно“. Резултатите од годинава делуваат по малку охрабрувачки. Неколку модели, предводени од Continental, Goodyear и Nokian, успеваат да постигнат кус пат на сопирање на снег и мраз, но и кус пат на сопирање на сув и вжештен асфалт.

Goodyear Vector 4Seasons Gen-2, на пример, на влажен пат запира од брзина од 80 km/h по 37,6 метри. Истата вредност се постигна и со паралелно тестираниот модел на летни гуми. Во споредба со зимските гуми, патот на сопирање е подолг за само 1,4 метар.

Сите модели на гуми се означени со „алпскиот“ знак, односно со M+S симбол, според тоа важат како зимски гуми

Секако дека главното прашање е околу разликата меѓу гумите за сите сезони и „специјалните“ зимски гуми, при запирање на снег. Nokian Weatherproof, од брзина од 50 km/h, запира по 29,4 метри, додека модел на зимски гуми што беше тестиран заради споредба, постигнува пат на сопирање од 29,1 метри. Сепак станува збор за исклучоци. Повеќето останати гуми заостануваат далеку зад гумите што се наменети посебно за лето, посебно за зима.

Гуми за сите сезони се добар избор само при возење во град и при умерена клима

Сепак постои „но“. Иако гумите за сите сезони, во димензијата за автомобили од градката класа, којашто беше тестирана годинава, постигнуваат подобри резултати отколку на претходните тестови, при решавањето за купување треба да се има предвид личниот стил на возење и регионот во којшто се вози. АДАК ги препорачува гумите за сите сезони само за оние возачи што не практикуваат да ги минуваат зимските одмори во ски центрите и исто така не планираат летниот одмор да го минат, на пример, на Медитеранот.

Специјалистите, а тоа значи чистокрвните летни и зимски гуми, секогаш се подобар избор кога станува збор за екстремни климатски услови. Наспроти тоа, гумите за сите сезони се добар избор за градско возење во региони со умерена клима.

Препораките на АДАК за гуми за сите сезони

[tie_slideshow]

[tie_slide]

За возачите што внимаваат најмногу на …

изедначени својства, добар избор се Nexen N blue 4 Season и Continental All Season Contact

добри својства на влажен пат и на снег, најдобро е во потесен избор да ги стават предвид Continental All Season Contact или Nokian Weatherproof

добра отпорност на абење, а за тоа ќе ги прифатат слабостите на снег, би требало да ги изберат Goodyear Vector 4Seasons Gen-2. Голема километража би изминале и Michelin CrossClimate, но тие бараат премногу откажувања во останатите критериуми

добри својства во лето и при зимски услови на возење не се двоумат да го остават возилото да мирува, би требало да ги изберат Vredestein Quadrac 5

добри својства на влажно, на снег и на мраз, а возат умерено на сув пат во летно време, можат да ги изберат Continental All Season Contact

ниска потрошувачка на гориво, треба да им дадат предимство на Continental All Season Contact

[/tie_slide]

[tie_slide]

За овие модели одговара димензијата 175/65 R14 T на гуми за сите сезони

Тестираната димензија е често застапена кај градските автомобили од последната генерација. Следните модели, како и голем број други модели, користат гуми со тестираната димензија 175/65 R 14, во зависност од моторот и нивото на опрема. Кај посилните модели треба да се внимава и на соодветниот брзински индекс на гумите.

Citroen C2, Daihatsu Materia, Ford Fiesta, KA, Hyundai i10, KIA Picanto, Lancia Ypsilon, Mazda 2, Mitsubishi Colt, Peugeot 206, Renault Thalia, Twingo, Seat Mii, Skoda Citigo, Subaru Justy, Toyota Yaris, VW up

 [/tie_slide]

[tie_slide]

За кои други димензии на гуми важат резултатите од тестот?

Со одредени ограничувања, резултатите од тестот важат и на „соседните“ димензии во рамките на истата класа на возило. Тоа важи за отстапувања од +10/-10 милиметри во ширината на гумата, што значи дека за тестираната димензија 175/65 R 14 T, резултатите важат и за истите модели на гуми со димензии 165/65 R 14 T, односно 185/65 R 14 T

 [/tie_slide]

[tie_slide]

Гуми оценети со „добро“

Највисока оцена на тестот е само „добро“. Четирите модели на гуми со оваа оцена се

  • Nexen N blue 4 Season,
  • Continental AllSeasonContact,
  • Goodyear Vector 4season Gen-2 und
  • Nokian Weatherproof.

Слабостите на сув пат се главниот проблем на гумите за сите сезони. Овие гуми не можат да се доближат до летните гуми при возење по сув пат, што е воедно и најчесто во летниот период. Најмногу се забележува намалената странична крутост на профилот во споредба со летните гуми.

Меѓу моделите на гуми што АДАК ги оцени со „добро“, посебно се издвојуваат Nexen. На влажен пат тие покажуваат најголема разлика во споредба со гумите со оцена „доволно“. Continental и Goodyear во оваа дисциплина се споредливи со специјалистите, односно со зимските и летните гуми. Continental и Nokian се покажуваат релативно добро и на снег. Последниве гуми покажуваат и голема отпорност на абење, исто како Goodyear.

 [/tie_slide]

[tie_slide]

Гуми оценети со „доволно“

Групата од пет модели на гуми кои на тестот на АДАК ја добија оцената „доволно“ се состои од

  • Firestone Multiseason
  • Maxxis AllSeason AP2
  • Vredestein Quatrac 5
  • Hankook Kinergy 4s H7 40 и
  • Michelin CrossClimate.

Додека Firestone ги покажува своите квалитети првенствено во зимски услови на возење, има големи слабости на сув и на влажен пат. Кај останатите модели има спротивна ситуација. Тие добиваат оцена „доволно“ главно поради ограничените својства при возење на снег.

Квалитетите на овие гуми сепак не ги достигнуваат добрите летни гуми нити при возење по сув или по влажен пат. Единствен исклучок се Vredestein. Тука најмногу се покажува компромисниот карактер на овој вид на гуми. Vredestein ги покажува најдобрите квалитети на сув пат и не се истакнува на влажен пат, додека Michelin се одликува со голема трајност.

[/tie_slide]

[tie_slide]

Кои се најголемите слабости на гумите за сите сезони

При користење на гуми за сите сезони како замена за летни или зимски гуми, треба да се имаат во предвид резултатите од тестирањето. Гумите за сите сезони и натаму се компромис и не се доближуваат до квалитетите на добрите специјалисти за лето или за зимо.

Со исклучок на неколку модели, тестираните гуми за сите сезони покажуваат повеќе или помалку изразени слабости на сув пат. Гумите со оцена „доволно“ имаат проблеми и на влажен пат. Кај последниве повеќе се изразени слабостите на снег. Во овој поглед, само две гуми на тестот се доближуваат до вистинските зимски гуми. Тоа се Continental и der Nokian. Возачите што очекуваат често да возат по снег имаат мал избор меѓу гумите за сите сезони.

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Табела со детални резултати од тестот на гуми за сите сезони на АДАК

Табела АДАК тест на гуми за сите сезони

Заклучок на клубот АДАК

Големите разлики меѓу одделните услови на примена покажуваат дека на летните и на зимските специјалисти сепак треба да им се даде предимство кога станува збор за безбедно возење во услови на екстремни климатски или патни услови. Гумите за сите сезони, на пример, мораат да се соочуваат со сув и вжештен асфалт во екот на летото. Гумите за сите сезони барем се подобри во овие услови отколку вистинските зимски гуми.

Новини од Мотоцентар: Овие гуми се „GT“ за терен

Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 205/55 R 16 V

Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 175/65 R14 T

Тест на летни гуми на АДАК: Обичните марки на исто ниво со премиум гумите

Со зимски гуми во лето се сопира 11 метри подолго


Like it? Share with your friends!

115
17 shares, 115 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730