Од 16 модели на летни гуми наменети за лесни товарни возила или минибуси, дури девет не ги исполнуваат минималните барања. Тестирањето на клубот АДАК покажа каде е проблемот: „Тврдите“ гуми се слаби на дожд
Најголемиот клуб на возачи во Европа првпат тестираше гуми за доставни возила и дојде до катастрофални резултати. Од 16 тестирани модели на гуми за комбиња и лесни транспортери, на тестот на летни гуми на АДАК дури девет не добија преодна оцена. Згора на тоа, ниту еден модел на гуми не заслужи оцена „многу добро“ или дури и „одлично“. Главната причина за слабите резултати се огромните недостатоци при возење по влажен пат.
Големината 215/65 R16 C најчесто се користи во комерцијалниот превоз, оттаму и буквата C во ознаката, за Commercial или Cargo). На компаниите што работат во тоа подрачје особено им е важно гумите на нивните возила да се трошат малку. Но, оваа големина на гуми во последно време се користи често и во приватното подрачје, односно кај семејни ванови, возила за кампување или во минибуси. Проблемот е во тоа што, гума која издржува многу километри во возење, обично има слаби својства при возење по влажен пат. Кусо, „тврдите“ гуми се лоши на влажно.
Трите модели на гуми што се трошат најмалку, (Sava, Fulda, Michelin), добија оцена „недоволно“ за возните својства на влажна подлога
Слабиот контакт со влажната подлога не може да обезбеди доволна странична стабилност и го продолжува патот на сопирање. Тестираните гуми на Fulda можат да издржат до 75.000 километри до границата на истрошеност, што е многу над просекот (гумите за СУВ-возилата обично издржуваат 40.000 километри). Затоа, пак, при сопирање од брзина од 80 километри на час, на тест-возилото со овие гуми му беа измерени 55 метри пат на сопирање. Тоа е втор најлош резултат. За споредба, патот на сопирање со автомобилски летни гуми со оваа димензија е покус од 40 метри.
Како алтернатива за гумите од комерцијалниот сегмент, кај повеќето ванови или транспортери може да се користат и гуми што се наменети за патнички автомобили. Иако тие издржуваат помалку километри и имаат пониска носивост, во случај на користење на возила од комерцијалниот сегмент во приватни цели, подобар избор се „автомобилските“ гуми.
Зависи и од изборот. Меѓу гумите за товарни возила исто така може да се најдат марки и модели што постигнуваат задоволителен компромис меѓу издржливоста и возните својства на влажно. Според тестот, тоа се Goodyear и Pirelli, но и најдобро пласираната гума на тестот, Apollo.
Тестираната димензија на гуми одговара за следните модели на лесни товарни возила
Производител | модел |
---|---|
Ford | Transit |
Iveco | Daily IV, V |
Nissan | Interstar, Primastar |
Opel | Movano B, Vivaro B |
Renault | Master, Traffic |
Volkswagen | T5, T6 |
Пат на сопирање на влажен пат од брзина од 80 km/h
Пресметана максимална километража за тестираните гуми од страна на АДАК
Тест на летни гуми на АДАК: Обичните марки на исто ниво со премиум гумите
Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 175/65 R14 T (2018)
Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 205/55 R 16 V (2018)
Тест на летни гуми на клубот АДАК: Димензија 195/65 R15 (2017)
Тест на летни гуми на клубот АДАК: Димензија 215/65 R16 H (2017)