138
19 shares, 138 points

Најголемиот автоклуб во Европа предупредува дека по патиштата низ Источна и Југоисточна Европа се појавуваат лажни сервисери на АДАК, кои наплаќаат прескапо за услугата, вклучувајќи и отстранување дефекти што не постојат.

Клубот АДАК (ADAC) предупредува дека по патиштата повторно се појавуваат лажни сервисни екипи, коишто се претставуваат како дел од ценетата организација. Жртвите плаќаат прескапо за отстранување на дефектите, а честопати се наоѓаат и дефекти што не постојат. Освен во Унгарија и Србија, лажните сервисери често се појавуваат и во Бугарија, Хрватска и Словенија. Забележани се и случаи во Словачка, Литванија и Полска.

Престапниците користат возила што се лакирани во препознатливата жолта боја на АДАК, со јасно видливо лого или со натпис „Im Auftrag des ADAC“, односно „по налог на АДАК“. Персоналот исто така носи одела на официјалните сервисери. Избегнувањето на измамата е многу едноставно. Клубот едноставно нема пуштено возила што кружат по патиштата во земјите во поширокиот регион, туку сервисната екипа пристига само на повик. Покрај тоа, во посочените земји треба да се избегнуваат и сервисните работилници со лого на АДАК. Тоа не е практика на клубот, да го поставува своето лого на независни сервиси.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Лажната служба за помош на пат обично се крие покрај автопатот и се појавува кога ќе забележи возило во дефект, нудејќи отстранување на дефектот и повикувајќи се на името на клубот АДАК. Постојат и случаи кога во возилата на лажните сервисери се наоѓа уред за попречување на сигналот од мобилната мрежа, поради што е невозможно да се повика вистинската служба на пат. Во таков случај, се препорачува воачите да се оддалечат неколку метри и оттаму да се обидат да воспостават врска.

Од АДАК порачуваат да се фотографират сомнителните возила во посочените земји и сликите да се испратат до клубот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
19 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *