125
17 shares, 125 points

Напредува соработката меѓу Volkswagen и тјунерската работилница Abt во подрачјето на електричниот погон. Специјалистот за тјунирање на марките од концернот, нуди Caddy што е префлен на погон на струја. Цената е релативно конкурентна.

Електричниот погон одамна ја освојува и сцената на тјунингот. Специјалистот и традиционален партнер на Volkswagen, тјунерската работилница Abt, отсега го нуди електричниот Caddy и во патничка изведба. Компанијата мудро избра прво да ја преработи доставната изведба на моделот на Volkswagen, бидејќи фирмите секогаш реагираат рационално, кога им се нуди возило што им обезбедува пониски работни трошоци – а се добива и убав еко-имиџ за пред јавноста.

Отсега во понудата на Abt се наоѓа и патничката изведба eCaddy Trendline, со крајна цена од 37.850 евра. На тоа следи бонус во висина од 6.000 евра, што германската влада и индустријата го одобруваат за возила со погон на струја. Со вклучен бонус, патничката изведба на електричниот Caddy чини 30.700 евра.

За компаниите и натаму стои на располагање фургонската изведба, за којашто се одбиваат и 19% од германскиот ДДВ. Таа е 300 евра подостапна од патничката верзија, односно со вкучен бонус, ова возило на струја ќе ги чини фирмите 25.500 евра. Во двата случаи станува збор за изведбата со продолжено меѓуоскино растојание, односно Caddy Maxi.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Тоа што фабриката не го нуди, го има кај тјунинг специјалистот. Нивниот Caddy има брзина ограничена на 90, односно 120 километри на час, заради зачувување на енергијата во батеријата. Според Abt, досегот во реални услови на возење изнесува до 159 километри. Доколку се вози само во град, кадешто има поголем степен на искористување на енергијата при сопирање и се вози побавно, досегот изнесува 167 километри.

Батеријата има големина од 37,3 kWh и напојува електромотор од 83 kW (113 КС) и 200 њутнметри

На обичен ѕиден полнач со 7,2 kW, батеријата се полни за 5,5 часови, додека на брз полнач со еднонасочен напон и 50 kW, постапката трае само 45 минути, до 80 проценти. Продажбата е преку избрани дилери во мрежата на Volkswagen, како и директно кај Abt.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

125
17 shares, 125 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *