за

Abarth Punto се повлече од Европа, но затоа е добар за Индија

Fiat повеќе не го нуди Abarth Punto на европскиот пазар, но моделот очигледно е сосема погоден да им се понуди како новитет на купувачите на индискиот пазар во благоизменето издание.

Fiat и Abarth лани решија да го повлечат Abarth Punto Evo од европскиот пазар. Во истата година, на пазарот во Индија стартуваше со продажба освеженото издание на Punto Evo. Овој модел сега се појави и во лутата верзија на Abarth, иако во помалку екстремно ниво од европскиот оригинал. Освежената верзија на Punto Evo нема да се појави во салоните на Fiat низ европските земји, исто како и спортската верзија под знакот на Abarth. Во поглед на моќноста, индискиот Abarth Punto не настапува со толку спектакуларни вредности како моделот што лани си замина од европскиот пазар. Неговиот 1,4-литарски мотор со турбонатполнење постигнуваше 165 КС во стандардната и 180 КС во верзијата SuperSport, додека сегашниов модел вози со 140 КС и 196 њутнметри. Купувачите во големата азиска земја можат да го набават новиот Abarth Punto Evo по цена меѓу 14 и 15 илјади евра.

abarth punto evo indija 190978

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Првите пет примероци од водородната Toyota пристигнаа во Европа

СМС порака до сопирачките: Нов хакерски напад во САД