за

Abarth Biposto е официјален автомобил на Гамбол 3000

Екстремниот Abarth 695 Biposto прв пат ќе нагази по асфалтот на Гамбол 3000. Годинава релито ќе стартува во Мајами и ќе заврши по 4.828 километри на Ибица.

Италијанците ја претставија ултимативната изведба на Fiat 500 во март, во форма на Abarth 695 Biposto. Моќноста од 190 КС постигнува многу во комбинација со возило од околу еден тон. Biposto спринтува до сто за 5,9 секунди, а крајната брзина изнесува 230 km/h. Зад овие перформанси стои 1,4-литарскиот T-Jet.

Сега доаѓа веста дека овој мини монструм ќе се појави во култното рели Гамбол 3000 коешто стартува на 4-ти мај во Мајами и завршува десет дена подоцна, на 11-ти јуни во Ибица. Учесниците на релито со 120 суперавтомобили прво ќе возат неколку етапи на територијата на САД, а потоа ќе се префрлат со авионски транспорт во Шкотска. Оттаму ќе се придружи Abarth 695 Biposto како официјален автомобил на релито и ќе вози во правец на шпанскиот остров. Ова ќе биде прв пат релито Гамбол да добие официјален автомобил.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најлудите автомобили со шест тркала

Passat е најважниот новитет на Volkswagen во 2014 година