152
22 shares, 152 points

Лимузина од средна класа каква што се гледа секој ден или оригинално мини со навиен мотор и со големото име Abarth? За љубителите на италијанската автомобилска школа нема двоумење. Овој суперексклузивен и суперскап Abarth 695 Rivale е создаден во соработка со производителот на јахти Riva. Тоа му дава екстра елеганција, но во душата, „695“ останува шкорпија. Нашите колеги од германската Automedia направија кус тест на „тркачкиот глисер на четири тркала“

Тоа што AMG е за Mercedes или M GmbH за BMW, кај Fiat е Abarth. Под знакот на шкорпијата возат спортски дотерани автомобили со зголемена моќност и благородна опрема. Секако, за тоа се плаќа и ексклузивна цена. Од камбекот на традиционалната италијанска марка под покривот на Fiat Chrysler изминаа десет години, а во меѓувреме значително се зголеми и понудата од моделски изведби.

Како основа служи Fiat 500, а од пред некоја година и Fiat Spider. Автомобилската сцена реагира најмногу бурно на специјалните серии. Последната креација е Abarth 695 Rivale, произлезен од соработката со легендарниот производител на јахти Riva. Тоа веднаш буди асоцијации: Овој Abarth е како тркачки глисер, но со четири тркала.

Abarth 695 Rivale ги носи истите бои како скапите јахти на Riva

Највпечатлив заштитен знак на Rivale е двобојната каросерија на „695“, којшто се нуди и како кабриолет. Шемата е позајмена од јахтите на Riva. Горната половина е во темно сина боја, долната половина е во сива боја, а меѓу нив има фино изведена двојна линија околу целото возило, во светлосина боја. Рачките на вратите и задната лајсна се изведени во мат хром, а завршен потег се натписите „695 Rivale“ на задниот капак и на крилата, заедно со бандажите од 17 инчи кои се полирани до висок сјај.

Abarth 695 Rivale 8

Морскиот стил продолжува и во внатрешноста. Интегралните седишта и вратите се обложени со сина кожа, а арматурната табла е облагородена со детали со изглед на карбон. Со доплата од 790 евра, на местото на „карбонот“ доаѓа вистинско дрво. Во тој случај, целиот средишен панел на арматурната табла, лајсните на праговите и рачката на менувачот се изработени од махагон и јавор. Доколку „случајно“ се поседува јахта од Riva, нејзиното име може да се најде на рачно изработената плочка со серискиот број, поставена на средишниот тунел. По желба, може да се впише и името на сопственикот.

Инфо-забавниот систем Uconnect стандардно доаѓа со екран на допир, со пречник од 7 инчи, којшто преку Apple Carplay и Android Auto ги интегрира актуелните мобилни телефони. Навигација чини 490 евра, а за 480-ватно озвучување од Beats се потребни уште 690 евра.

Кога ќе се притисне копчето Sport е исто како да се вклучил втор вонбродски мотор

За погонот на Abarth 695 Rivale е задолжен 1,4-литарски турбо бензинец со 180 КС. Култното автомобилче во стил на оригиналот од 1960-те постигнува солидна динамика со толкава резерва од сила. Спринтот до темпо сто трае 6,7 секунди, крајната брзина изнесува 225 km/h. Зад воланот на автомобилот тежок 1.045 килограми, во почетокот не се стекнува многу убедлив впечаток, и покрај вртежниот момент од 250 њутнметри. Но, откако ќе се притисне копчето Sport, се добива впечаток како тркачкиот глисер со четири тркала да добил уште еден вонбродски мотор. Управувањето и реакцијата на моторот веднаш стануваат подиректни, а издувот од Akrapovic, со издувни цевки од карбон, труби гласно во такт со мануелниот петстепен менувач. За жал, нема повеќе степени. Со доплата од 1.300 евра може да се вози со автоматски менувач и со палки на воланот.

Abarth 695 Rivale 5

Фабрички се вградуваат спортски сопирачки Brembo, со клешти во црна боја, исто како и амортизери Koni со технологија FSD (Frequency-Selective Damping). Подвозјето пренесува прецизна повратна информација од подлогата, но во исто време успева да ги филтрира грубите нерамнини и фугите во асфалтот.

Во споредба со јахта од соодветна класа, 695 Rivale чини речиси бадијала

Колку што е ексклузивна појавата на Abarth 695 Rivale, исто толку се ексклузивни и цените. Купе верзијата не може да се купи за помалку од 28.000 евра, а за кабриолетот треба да се доплатат уште 2.000 евра. Со доплатата за махагон, навигација, озвучување и би-ксенонски светла (990 евра), цената се искачува на ниво на лимузина од средна класа. Но, тоа е речиси бадијала во споредба со јахтите што партнерот Riva ги изработува во своето бродоградилиште во Сарнико. Јахтата што одговара со Abarth е 56 Rivale, а нејзината цена е два милиони евра. Најмалку толку.

Технички податоци · Abarth 695 Rivale

Должина x Ширина x Висина (m): 3,66 x 1,65 x 1,49
Меѓуоскино растојание (m): 2,30
Мотор: 4-цилиндри, турбо, бензинец, 1368 ccm
Моќност 132 kW / 180 КС при 5500/min
Вртежен момент 250 Nm при 3000/min
Крајна брзина 225 km/h
0 – 100 km/h: 6,7 s
Погон напред
Просечна потрошувачка 6,0 L
CO2: 139 g/km (Euro 6)
Празно возило : 1095 kg
Гуми 205/40 R 17
Основна цена 28 000 евра (во Германија)

Abarth 695 Rivale

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
22 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743