за

97-годишен Швеѓанец се подмладува со нов Ford Mustang GT

Ленарт Рибринг е на чекор пред влез во клубот 100, на возачи на возраст од преку сто години. За 97-от роденден, овој Швеѓанец си подари соодветен автомобил: Ford Mustang GT со мануелен менувач и 421 КС. Со петлитарски мотор под хаубата, Рибринг може да забрза до сто за само 4,8 секунди. Бојата исто така е погодена, тркачки црвена.

„Се викам Ленарт Рибринг, имам 97 години и возам Ford Mustang Fastback со петлитарски V8. Навистина сум среќен“, со широка насмевка раскажува пензионерот во видеото на YouTube. Снимката е направена при преземањето на спортскиот автомобил од трговецот на Ford во Стокхолм.

„Кога Ford го претстави првиот Mustang во 1964 година, веднаш се вљубив во овој автомобил. Оттогаш, за мене не постои друго возило“, раскашува Швеѓанецот. „Зад воланот на Mustang секогаш се чувствувам како крал на патот. Можеби нема да живеам уште долго, но сакам преостанатото време да го искористам колку е можно подобро и да се забавувам, а овој автомобил е погоден за тоа.

Осумдесет години возачко искуство

Ленарт Рибринг несомнено се вбројува меѓу најстарите возачи на Mustang. Тој е роден во 1919 година, единаесет години откако Ford го пушти на легендарниот T-Model на производствената лента. За возачка дозвола има положено во 1937 година, на возраст од 18 години. Во 1960-те години, Рибринг е меѓу првите Швеѓани што нарачале Mustang. Половина век подоцна, пасионираниот едриличар повторно ја заживува старата страст за спортската икона на Ford.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лимузината од серијата 1 на BMW само за кинескиот пазар

Mercedes го произведе милионитиот автомобил во Кина