за

Хронологија на 70-те електрични години на Nissan

Nissan Pivo 2

Оваа марка го има најпродаваниот електричен автомобил во историјата Nissan Leaf, во септември се очекува премиера на неговата трета генерација. Од старите батерии се нудат домашни акумулаторски станици. Електричниот погон очигледно напредувал далеку во Nissan. Но, и почетоците се далеку. Првиот автомобил со погон на струја се произведува уште пред точно 70 години. Куса хронологија на електричните години на светскиот предводник во погонот на струја.

1947

Претставен е електричниот автомобил Tama, произведуван во Tokyo Electric Automobile, кој подоцна преоѓа под Nissan

Nissan Tama електричен автомобил

1970

Концепт на градски автомобил Nissan 315X е претставен на салонот во Токио

https://goo.gl/photos/wtk8V3VgkUQrEDRVA

1983

Претставен е Nissan March EV, експертиментален градски автомобил со погон на струја

1991

На салонот во Токио е прикажан концептниот автомобил FEV со кус досег на струја

https://goo.gl/photos/2fJHk275r1RXqhwj8

1995

Втора генерација на FEV со литиум-јонски батерии дебитира на Токио Мотор Шоу

https://goo.gl/photos/DifEukEmFmu3Ky5p8

1996

Prairie Joy EV е прв електричен автомобил со цилиндрични литиум-јонски батерии

2005

Концептот Pivo користи компактни литиум-јонски батерии од сопствена продукција на Nissan. Идејата се разработува во уште две генерации на Pivo

https://goo.gl/photos/yDLy3yNYy1cAKMjN6

2007

Концептниот автомобил Mixim е задвижуван од електромотор/генератор и компактни литиум-јонски батерии

https://goo.gl/photos/V3na4rZivmjBvbVbA

2008

Nissan претставува прототип со ламинирана литиум-јонска батерија. Дел од технологијата во Nuvu подоцна ќе се користи во серискиот Nissan Leaf

https://goo.gl/photos/ePitJtGtELHwXDrg6

Ноември 2010

Nissan Leaf е избран за европски автомобил на годината

Декември 2010

Започнува продажбата на Nissan Leaf на светскиот пазар. Моделот е достапен прво во САД и Јапонија.

Март 2011

Европа ги добива првите примероци од Nissan Leaf

Април 2011

Leaf станува светски автомобил на годината

Јули 2012

Leaf постигнува светски рекорд за најбрз автомобил на 400 метри во рикверц

Јануари 2013

Во Сандерленд започнува европското производство на батерии за Leaf

Март 2013

Во Сандерленд започнува производството на Leaf

Јуни 2013

Започнува продажбата на новата генерација на Leaf

Јануари 2014

Продадени се 100.000 примероци на светскиот пазар од Nissan Leaf

Јуни 2014

Започнува продажбата на e-NV200 во Европа

Декември 2014

Заедничката километража на сопствениците на Nissan Leaf достигнува милијарда километри

Октомври 2015

Nissan IDS Concept доживува премиера на салонот во Токио

https://goo.gl/photos/yjX6DgEscUXPpYw69

Февруари 2016

Nissan Leaf е достапен со батерии од 30 kWh на европскиот пазар

Мај 2016

Nissan стартува проект за надворешни потрошувачи да ја користат енергијата во батериите, со приклучување на автомобилот на куќната електрична мрежа. Од стари батерии се произведуваат домашни акумулатори за струја xStorage Home

Август 2016

Во Рио де Жанеиро е претставен прототипот BladeGlider EV

https://goo.gl/photos/9xpQWTnbj57wWn5Y7

Ноември 2016

Продажбата на електрични возила на Nissan на светскиот пазар достигнува 260.000 примероци, од кои 75.000 во Европа

Декември 2016

Заедничката километража на сопствениците на Nissan Leaf достигнува три милијарди километри

Јули 2017

Nissan BladeGlider се појавува на Фестивалот на брзината во Гудвуд

Септември 2017

Претставување на новата генерација на Nissan Leaf

Nissan Leaf aerodinamika

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche macan enterier

Стар дизел носи 5.000 евра попуст за нов Porsche

mercedes банкарска подружница

Оваа банкарска подружница не стои во место