за

7.000.000 примероци на Ford Fiesta од Келн

Во матичната фабрика на Ford во Келн се произведе седуммилионитиот примерок од Ford Fiesta. Производството на популарниот модел на Ford, кој во минатата година беше најпродаван модел во сегментот во Европа, стартуваше во Келн во 1979 година.

Во фабриките на Ford во Европа досега се произведени 15 милиони примероци од Fiesta. Деведесет проценти од возилата што се произведуваат во Келнсе наменети за извоз во повеќе од 60 земји. Актуелниот модел е од седмата генерација и се произведува во каросериски изведби со три и со пет врати, како ван и како спортски модел ST.

Првата генерација на Ford Fiesta дебитираше во 1976 година и создаде комплетно нов пазарен сегмент

Од производствените линии во Келн просечно излегуваат околу 1.650 примероци од Fiesta на ден. Производствениот процес по возило трае околу 13 часови. Во 1995 година, пред модернизацијата на фабриката, за едно возило просечно беа потрени меѓу 18 и 19 часови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota прави посебен Yaris за Кинезите

Израелскиот парламент вози Opel