за ,

54 години стар Jaguar E-Type потеран до крајни можности

Првиот произведен Jaguar E-Type со волан од десна страна и реставриран од легендарните CMC, постигна 234,9 километри на час на германскиот аутобан со Дејвид Френклин зад воланот.

Магазинот Octane за јубилејното 150-то издание го ангажираше британскиот шампион во ридски трки Дејвид Фреклин да повтори еден од најславните тестови, кога Jaguar E-Type во 1961 година достигна 150 милји на час на белгискиот автопат. Дејвид возеше совршено реставриран примерок на Jaguar E-Type од CMC, но овојпат по германскиот аутобан и 54 години по историскиот подвиг. Дејвид изјави: „Видов 146 милји на час и уште забрзуваше, но морав да прекинам поради автомобилите и камионите што беа пред мене. Кога се вози со таа брзина мора да се биде особено внимателен. Брзо се стигаат останатите возила и мора да се има на ум дека автомобилот нема АВЅ, и покрај тоа што сопирачките сé уште се моќни. Без проблем ќе постигнев 150 милји на час. Воопшто не се сомневам во тоа.“

Предизвик е автомобил стар 54 години да се потера до крајните можности

Магазинот Autocar во 1961 година го подложи E-Type 9800HP на брзински тест, со цел да го провери тврдењето на Jaguar дека стандардната верзија на моделот достигнува 150 милји на час. Тврдењето беше докажано во тој историски тест. Магазинот Octane си постави предизвик да го повтори обидот со сличен автомобил, со Jaguar E-Type 1 VHP, со број на шасија 860001. Овој автомобил беше реставриран во 2000-та година од CMC, една од водечките компании за реставрација на возила.

jaguar e-type 150 mph (1)

Тимот на CMC пред актуелниот подвиг го провери секој детал на возилото, монтираше нови бандажи и гуми Avon CR6 ZZ, а за сигурност вгради и пумпа за гориво со повисок капацитет. Петер Нојмарк, претседател на CMC и сопственик на возилото изјави: „Автомобилот со број на шасија 860001 е произведен на 10-ти јули 1961 година и на 26-ти август му беше испорачан на лондонскиот Henlys, како пробно возило, па можете да претпоставите колку славни личности седнале во него во првите недели. Ние го реставриравме во почетокот на 2000-та година и денес често го возам овој автомобил.“

Дејвид Фреклин е активен тркач уште од 1965 година и има освоено многу шампионски титули. Тој се одушеви од состојбата на 54-годишниот олдтајмер: „Автомобилот возеше одлично и моторот работеше посмирено над 3500 вртежи.“

Официјалното мерење на E-Type со број на шасија 860001 покажа 146,49 милји на час. Петер на тоа коментираше: „Очекував дека ќе постигне 135, можеби 138 милји на час, така што сум одушевен од резултатот. Честитки за Дејвид Фреклин!“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германската марка Wiesmann се враќа во живот

Ford Focus RS ќе добие уште поекстремна верзија, се враќа RS500