за

500 милиони долари за идните проекти на Tesla

Калифорнискиот пионер на електричниот погон го зголемува капиталот за да обезбеди половина милијарда долари за идните проекти. Шефот Илон Маск веќе поседува акции во вредност од 6,7 милијарди долари.

Производителот на електрични автомобили Tesla ги притиска инвеститорите за да обезбеди пари за идните големи проекти. Издавањето на 2,1 милиони нови акции треба да донесе повеќе од 500 милиони долари, односно околу 450 милиони евра во касата на производителот. Шефот Илон Маск исто така ќе купува акции за 20 милиони долари. Основачот и мултимилијардер веќе поседува акции во вредност од 6,7 милијарди долари и учествува со 27 проценти во претпријатието.

Tesla ќе ги искористи свежите пари за изградбата на огромната гигафабрика за батерии во пустината во Невада. Овој проект има клучна улога за претпријатието што досега работеше со високи загуби да постигне услови за евтино производство и да влезе во зоната на профитабилност. Дел од парите ќе бидат наменети за дистрибутерската мрежа на Tesla, за изградба и одржување на мрежата од полначи за струја, како и во развојот на Model 3 којшто со цената ќе биде поблиску до масовниот пазар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi ASX со летно освежување и нов дизел мотор

Audi стартува со продажба на новиот A4 во Германија по цена од 32.950 евра