135
18 shares, 135 points

Новата генерација на Mazda6 дебитираше во оваа година и донесе впечатлив изглед и напредни мотори. Далечниот претходник на моделот од средната класа, Mazda Luce, се појави пред половина век.

Пред 50 години на салонот во Токио беше претставена Mazda Luce, како алтернатива на докажаните европски модели во средната класа. Со овој модел со дизајнерски потпис на Bertone стартуваше продажбата на јапонската марка во Европа. Luce, што на италијански јазик значи светло, беше мошне напреден автомобил во тоа време.

mazda luce 1500 ss 1963

Лимузината се разликуваше од конкуренцијата по двојните предни светла, но и по необичните металик лакови. Каросеријата во светкава сребрена или златна боја го привлекуваше вниманието на улица и метализираните бои набрзо прераснаа во тренд, исто како и Luce Station Wagon, прв стилски ориентиран комби во класата.

Под долгата хауба работеа четирицилиндарци од 1,5 и 1,8 литар, со брегасто вратило во главата на моторот, како последно технолошко достигнување. Со моќност до 105 КС, бензинците на Mazda беа многу посилни од повеќето конкуренти со поголема зафатнина, а во исто време се одликуваа со исклучително ниска потрошувачка на гориво од 5,5 литри според фабричките норми.

mazda 616 1973

Нова револуција спедуваше во март 1973 година со претставувањето на Mazda 616, во лимузинска и купе изведба. Обата модела предизвикуваа одушевување кај медиумите и купувачите со богатата сериска опременост и со штедливиот 1,6-литарски бензинец. На некои пазари, Mazda 616 се нудеше и со моќни ванкел мотори.

mazda 626 coupe 1979

Пет години подоцна следуваше првата Mazda 626, исто така во двете каросериски изведби, лимузина и купе. За медиумите, овој модел беше „Германецот од Јапонија“. Продажбата на Mazda во оваа класа се зголеми двојоно со 626, меѓу другото и благодарение на достапната цена.

mazda 626 4wd 1989

Вистинскиот бум во продажбата се случи во 1983 година, со втората генерација на 626, која што за разлика од претходните генерации имаше погон на предните место на задните тркала. Јапонците понудија широка палета на каросериски изведби. Покрај лимузината и купето се нудеа и каросериска изведба со пет врати и кабриолет. Во 626 дебитираше нова генерација на четирицилиндарски мотори, кои прв пат се вградуваа попречно.

Во 1984 година следуваше дволитарскиот дизел, кој според тогашните норми трошеше 4,7 литри дизел при 90 km/h, а две години подоцна беше претставен и дволитарскиот бензинец со четири вентили по цилиндар. Овој мотор се покажа како вистински партнер за погонот на сите тркала во Mazda 626 4WD, но и за 626 4WS – со управување на сите тркала. Генерацијата на Mazda 626 со кодна ознака GC беше бестселер на глобално ниво и редовно ја победуваше конкуренцијата на споредбените тестови.

mazda 6 sport 2002

До 2002 година, петте генерации на моделот од средната класа на Mazda се продадоа во преку 4,3 милиони примероци. На повеќе европски пазари Mazda 626 беше најпродаван јапонски автомобил. Mazda6 ја продолжи успешната историја во 2002 година и ја надогради. До 2010 година овој модел се продаде во повеќе од два милиона примероци. Mazda6 има победено на повеќе од 160 споредбени тестови и избори, меѓу другото тоа е првиот автомобил што го има поминато супертестот од 100.000 километри на германскиот магазин Auto Bild без каков било дефект.

mazda6 2008

Од оваа година јапонската марка повторно го привлекува вниманието во класата со третата генерација на Mazda6. Изгледот на серискиот модел остана мошне близок со концептното возило Takeri. Лимузината со купеовска форма на покривот и должина од 4,87 метри, заедно со комбито што е развиено посебно за европскиот пазар воведуваат техничка револуција во повеќе сегменти.

mazda6 2013

За максимална ефикасност, каросеријата поседува лесна конструкција, а во погонската спрега работи иновативниот систем i-Eloop, кој ја акумулира енергијата при сопирање или забавување во кондензатор, од кого понатаму се снабдуваат со струја електричните потрошувачи во кабината, како вентилацијата или радиото. Подеднакво се впечатливи и моторите од генерацијата Skyactiv, кои не го следат трендот на смалување на зафатнината и воведување турбонатполнење, туку се водат според принципот на максимална компресија кај бензинците, односно минимална компресија кај дизелите. На тој начин моторите на Mazda постигнуваат предност во потрошувачката, што впрочем отсекогаш било доблест на моделот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
18 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743