131
22 shares, 131 points

На новаците во оваа марка не им е лесно да ги распознаваат сите DB, Virage, V8 и V12, Vanquish или Vantage што го носат знакот на Aston Martin. Последната ознака, на пример, порано беше резервирана за верзиите со екстра моќност, како V8 Vantage, кој со своите 400 КС му служеше на Тимоти Далтон, односно Џејмс Бонд, во „Здивот на смртта“ од 1987 година.

Британците отстапија од ова правило уште во 1970-те година, кога моделот DBS со шестцилиндарски мотор, на кусо време го преименуваа во Vantage. Причината за тоа е што дотогашниот сопственик Дејвид Браун мораше да ја продаде својата фирма, поради финансиски потешкотии, а новите сопственици сакаа на секој начин да го спречат присуството на „Браун“. Поради тоа, ознаката DB, од иницијалите на Дејвид Браун, мораше да исчезне од моделите на Aston Martin.

Aston Martin Vantage 02

Следната забуна се случи во 2005 година, кога Aston Martin го понуди новиот V8 Vantage. За разлика од порано, кога Vantage ги означуваше посилните моделски верзии, овојпат името беше искористено за новиот основен модел во понудата на марката.

Тој Vantage, лани доби наследник по дванаесет години. Со него се решава и вториот проблем, за когошто стана свесен и шефот Енди Палмер. Различните модели на Aston Martin премногу си личеа. Палмер пресече: „Повеќе не сакаме да произведуваме руски Матрјошки, коишто се разликуваат само во големината.“

Додека на DB11 му личи да крстосува по Азурниот Брег, Aston Martin Vantage повеќе е за адреналинска тура по Кол де Турини

Прв модел во новиот правец на марката беше DB11, на когошто дизајнерот Марек Рајхман уште сега му резервира место во историјата. Потоа дојде и Vantage, првиот нов Aston Martin за когошто никој не се прашува дали можеби го видел претходно. Како мустра за „малечкиот“ Aston од 4,47 метри послужи уникатот DB10, изработен за агентот на Кралицата.

Префрлувањето од нормален во спортски режим, во автомобилите како Vantage е проследено со многу побурна реакција отколку во амбициозните лимузини. Управувањето скрутува, педалата за гас реагира уште пред возачот да помисли да ја притисне. За волја на вистината, некои постари модели на Aston Martin не беа толку убедливи со своите возни својства, колку што тоа можеше да се заклучи од нивната надворешна појава.

Aston Martin Vantage 03

Aston Martin Vantage напредуваше и во погонот. Mercedes пред неколку години откупи пет проценти од акциите во Aston Martin и договори да ја снабдува „работилницата“ во Гајдон со мотори. Под хаубата на Vantage се наоѓа истото парче швабска мајсторија во инженерингот на мотори како во Mercedes-AMG GT. Тоа значи, четирилитарски V8 со битурбо натполнење и 510 КС. Изработен рачно, од мајсторите во Афалтербах.

Мала доза британско-германски хумор: Просечната потрошувачка изнесува 10,5 литри

Со 1,6 тон, британскиот гран-туризмо постигнува исти перформанси како AMG GT R, односно спринт до сто за 3,6 секунди и крајна брзина од 314 km/h. Фановите не треба да стравуваат, издувниот систем е дело на сопствените инженери на Aston, а тоа значи дека и Vantage го најавува своето пристигање „уште од километар“. Како мала доза британски (и германски) хумор, фабричката потрошувачка на гориво изнесува 10,5 литри.

Aston Martin Vantage 6

Додека моторот пристига од AMG, менувачот го испорачува ZF. За разлика од седумстепениот менувач со двојна спојка во GT, тука работи класичен автоматик со осум степени на пренос.

Секако дека потенцијалниот купувач нема панично да побара СУВ кога ќе почувствува што значи возило „ниско“ 1,27 метар. Истото важи и за гимнастиката при седнувањето или чувството на стеснетост во кокпитот. Вистинскиот возач на Aston Martin нема да забележи ништо од тоа.

Но, затоа се забележуваат неколку траги од асистенцијата од Mercedes. Електрониката во кокпитот потекнува од Швабите. Кој бара рачка десно зад воланот за да ги вклучи бришачите, ќе најде само празен простор. Vantage има само една комбинирана рачка, исто како Mercedes.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Aston Martin Vantage 1

[/tie_slide]

[tie_slide]

Aston Martin Vantage 01

[/tie_slide]

[tie_slide]

Aston Martin Vantage 02

[/tie_slide]

[tie_slide]

Aston Martin Vantage 2

[/tie_slide]

[tie_slide]

Aston Martin Vantage 03

[/tie_slide]

[tie_slide]

Aston Martin Vantage 3

[/tie_slide]

[tie_slide]

Aston Martin Vantage 04

[/tie_slide]

[tie_slide]

Aston Martin Vantage 4

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Наскоро доаѓа и втора верзија, без покрив. Потоа следи верзија за пуристи, со мануелен менувач, како и верзија со мотор V12. Овој мотор со 608 КС сепак не потекнува од AMG, иако и тој се произведува во Германија. Aston Martin самостојно го разви и го произведува овој мотор, во погоните во Келн што останаа како „мало“ наследство од некогашното време кога марката беше под Ford.

Нема да биде изненадување ако наскоро се појави и „батериска“ изведба. Според шефот Енди Палмер, платформата го дозволува и тоа.

Најневеројатното околу Vantage: Со цената од 120.900 фунти во Британија, односно 154.000 евра во Германија и 149.995 долари во САД, Aston е меѓу подостапните модели во неговата класа. Porsche 911 Turbo, на пример, во Германија чини околу 180.000 евра. Тоа за случај, некој да бара „поевтино“.

Вака изгледа собир на 311 автомобили Aston Martin на едно место

Aston Martin ќе прави нова супермарка од Lagonda

Aston Martin поканува во новоотворената онлајн-продавница

Aston Martin Vantage: Наследник на спортската династија

На Aston Martin му личи да биде и велосипед

Во Токио отворен најголемиот салон на Aston Martin во светот

Aston Martin Valkyrie: Проектил со дозвола за ниско летање


Like it? Share with your friends!

131
22 shares, 131 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730