Совети

Внимателно при возење зад камион во зимски услови

Во студеното време од годината неретко се случуваат незгоди или настануваат опасни ситуации кога од покривот на камионот ќе одлетаат слојот снег или мразот којшто се создал додека камионот мирувал.

Кога овие замрзнати плочи ќе паднат пред автомобилот или врз него, возачот одненадеж се наоѓа во ситуација да ја задржи контролата над возилото – доколку возачот остане неповреден. Затоа се препорачува особено внимание кога пред возилото има камион и одржување доволно долго растојание од него.

Кога камионите мируваат, врз церадата може да се насоберат и повеќе од 100 литри вода, којашто замрзнува во текот на ноќта кога температурите ќе паднат под нулата. Струењето на воздухот при возењето дејствува врз овој слој и може да предизвика парчиња мраз да се ослободат и да излетаат врз возилата назад. Возачот на камионот најчесто не го забележува тоа и продолжува со возењето, несвесен за незгодата што ја предизвикал поради своето неодговорно постапување. Но, тоа не го ослободува возачот од одговорност. Во тој случај, оштетениот возач треба да обезбеди колку е можно повеќе докази и сведоци за настанот и за камионот што ја предизвикал штетата.

Возењето со снег на покрив е опасно

Затоа е важно возилото да се исчисти од снегот пред отпочнувањето со возење, што важи и за возачите на патнички автомобили, затоа што и неисчистениот снег од нивниот покрив може да предизвика опасност за сообраќајот.

Секако дека снегот на покривот го доведува во опасност и возачот на автомобилот. При нагло или посилно сопирање, снегот може да се струполи врз ветробранот и возачот одненадеж да го изгуби видното поле пред себе, што честопати е проследено и со панична реакција, која води до губење на контролата над возилото.

Everbuying INT

Следете ја Automedia.mk

Како забрзува Range Rover со 550 КС на асфалт, снег, песок?