Оваа Toyota Camry ја сакаме и по нашите улици

Големата лимузина на Toyota за Американците е исто што Passat е за Европејците. Пристоен семеен автомобил што со стилот никогаш не се издвојувал од масата, но затоа отсекогаш поседувал квалитети што се вредни за секојдневието. Најпродаваната лимузина на пазарот во САД во последните 15 години сепак доживеа радикален стилски пресврт во новата генерација, која штотуку е претставена во Детроит. И сега ја сакаме и од оваа страна на океанот. Со хибриден погон.

Доколку Американците немаа толкава слабост кон пикапите, Toyota Camry ќе беше неприкосновен број 1 во продажбата. Но, и покрај тоа, големата лимузина доспеа до четвртото место на најпродавани модели. Лани Toyota продаде близу 390.000 примероци, со што Camry е најпродавана лимузина на пазарот во САД. Повторно. Во ниту една од досегашните седум генерации, моделот не можел да се пофали со особена привлечност, нема освојувано славни дизајнерски трофеи или какви било награди што би им го одземале здивот на купувачите и би предизвикале турканица во продажните салони на Toyota.

Toyota Camry (осма генерација)

Пред ерата на големите теренци и камионети, Toyota Camry беше блескава ѕвезда меѓу американската средна класа. Нејзините шестцилиндарски мотори ги бие глас дека се апсолутно неуништливи. Тоа што за европските купувачи е Golf, или поточно Passat, доколку се споредува во класата, за Американците е Camry. Автомобил што не се издвојува особено, создаден е да им се допадне на колку е можно повеќе купувачи и располага со пристојни квалитети. Единствено што му недостига се слабости.

Цела деценија наназад, Camry секогаш е меѓу најпродаваните возила воопшто во САД, а во последните 15 години е најпродавана лимузина во земјата на неограничените можности. Но, завршија времињата кога одличните шестцилиндарци привлекуваа купувачи. Лани продажбата на Camry во САД опадна за десет проценти. Во меѓувреме, повеќе од половината од продажбата на марката отпаѓа на теренци. Нешто мораше да се менува кај бестселерот. Тоа и се случи.

Дизајнерскиот тим имаше цел возилото да го направи препознатливо од двесте метри

На салонот во Детроит се појавува новата генерација на Toyota Camry, со похрабар стилски настап, доминантна маска, спортски опаш и динамична странична силуета на купе-лимузина. Според американската Toyota, новиот Camry е највозбудлива лимузина од средната класа што марката ја има произведено досега.

Toyota Camry (осма генерација)

Со должина од 4,86 метри, новакот нуди повеќе простор во кабината, што првенствено се должи на петте дополнителни сантиметри во меѓуоскиното растојание. Осмата генерација на Camry е развиена врз платформата TNGA, со којашто се постигнува порационално искористување на просторот, за околу три сантиметри пониско седење и пониска положба на погонската спрега, што секако влијае и врз возните својства.

Понудата од мотори исто така е обновена, иако трендот на турбонатполнење и намалување на работната зафатнина уште не го зафаќа пазарот од другата страна на океанот. Шестцилиндарецот од 3,5 литри со D-4S впрскување на горивото останува во понудата, заедно со комлетно нов 2,5-литарски мотор со четири цилиндри и технологија VVT-iE, како и со задолжителната верзија со хибриден погон.

Осумстепен автоматик за бензинците, безстепен менувач за хибридот

Бензинските модели располагаат со осумстепен автоматски менувач, додека хибридниот модел по традиција работи во комбинација со безстепен менувач. Toyota уште ја нема посочено моќноста на трите погонски единици, но доколку се погледне кај јапонскиот близнак Crown, тогаш посилниот мотор би располагал со околу 300 КС, додека четирицилиндарецот ќе вози со стотина коњски сили помалку. Продажбата на актуелниот модел продолжува до налето, кога истиот ќе биде заменет со новата генерација на Camry.

PART 2: We're revealing something big this week at the North American International Auto Show! Don't miss the excitement and RSVP today to watch all the action LIVE here on Facebook!

Posted by Toyota USA on Monday, January 9, 2017

Американците ќе го возат новиот Camry стандардно опремен со безбедносниот систем Toyota Safety Sense, кој вклучува самостојно запирање при опасност од судир, радарски темпомат, следење лента со активно зафаќање во управувањето и автоматско долго светло.

Откако Camry стартуваше на пазарот во САД во 1983 година, продадени се над десет милиони примероци од моделот од средната класа. Пазарот се покрива со локална продукција во Џорџтаун. Toyota во последните три децении има произведено 25 милиони возила во 10-те локални фабрики. Мрежата на јапонската марка ја комплетираат 1.500 продажи салони и работен персонал од вкупно 136.000 лица. За сето тоа биле инвестирани повеќе од 22 милијарди долари.

Toyota Camry

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

ОСТАВИ КОМЕНТАР