Производи

Apple CarPlay достапен во повеќе од 200 автомобилски модели

Производителот на iPhone од почетокот на годинава го удвои бројот на модели во коишто е достапно поврзување со Аpple CarPlay. Во новата генерација на серијата 5 на BMW, поврзувањето на iOS со инфо-забавниот систем во возилото за првпат ќе се одвива безжично.

Apple го објави последниот список со модели на автомобили коишто подржуваат CarPlay. Во списокот се наоѓаат преку 200 модели што овозможуваат iPhone да се поврзе со инфо-забавниот систем во возилата. Тоа е двојно повеќе отколку во почетокот од годинава. Најголем број нови модели со подршка за CarPlay има кај Volkswagen и Audi. Годинава и BMW ги понуди на пазарот своите први модели со поврзување со паметниот телефон на Apple, вклучувајќи ја и новата серија 5, кај којашто интеграцијата со iPhone за првпат се врши безжично. Поврзувањето со CarPlay досега беше достапно исклучиво преку кабел Lightning.

CarPlay ги прикажува повеќето функции на iOs на дисплејот од инфо-забавниот систем во автомобилот, а ракувањето со нив се врши или преку дисплејот на допир или преку вградените команди во кокпитот на возилото. Дел од функциите се телефонија, куси пораки – вклучувајќи говорно внесување и читање, навигација со Apple Maps и музика. Во меѓувреме, Apple дозволи и неколку апликации од трета страна, како клиентите за подкаст Overcast и Castro.

Покрај аудио-апликации, производителот на iPhone овозможува и некои услуги на VoIP во автомобилот. Тоа го овозможува iOS 10, при што корисниците комуницираат преку социјалните мрежи. Производителите исто така реагираа со додавање на одредени фунции на возилото што се достапни преку Siri, како управување со температурата во кабината, греење на седиштата и стаклата или пристап до музика, односно избор на радио станица.

CarPlay се вградува фабрички или со доплата. Некои производители паралелно го нудат и системот Android Auto. Во меѓувреме на пазарот се појавија цела низа приемници со CarPlay или Android Auto за вградување во возилото.

На 18-ти мај: Премиера на SKODA KAROQ

Следете ја премиерата на Skoda Karoq
18-ти мај, 19.00 часот, Стокхолм

Следете ја Automedia.mk

Тест на летни гуми на клубот АДАК