Без категорија Вести Екологија

Четири светски метрополи ќе ги забранат дизелите до 2025

Градоначалниците на Париз, Мексико Сити, Мадрид и Атина ќе ги забранат возилата со дизел мотор во нивните градови до 2025 година. Самитот на 40 светски метрополи и уште 80 други градови донесе единствени заклучоци: Изградба на нови велосипедски и пешачки патеки, подобрување на јавниот превоз, забрана за возилата со дизел мотор.

Возилата со дизел мотори ќе бидат отстранети од Париз, Мексико Сити, Мадрид и Атина до 2025 година, како дел од ангажманот на градоначалниците за подобрување на квалитетот на воздухот за граѓаните. Во овие градови ќе се воведат и повластици за возила со електричен и друг еколошки погон, а ќе се подобруваат и пешачката и велосипедската инфраструктура. Градоначалниците ја презедоа оваа обврска на Самитот на градоначалници С40 којшто се одржува во Мексико Сити.

Светска здравствена организација: Три милиони лица умираат секоја година како последица од изложувањето на загаден воздух

Според Ан Идалго, градоначалничка на Париз, „климатските промени се меѓу најголемите предизвици со коишто се соочуваме“. Првата дама на Париз и нова претседавачка на C40 не го толерира загадувањето на воздухот и здравствените проблеми што тоа ги предизвикува: „Големите проблеми, како што е аерозагаденоста, бараат храбри потези и ги повикуваме производителите на автомобили и автобуси да ни се придружат.“

Домаќинот на Самитот исто така се соочува со сериозни проблеми од лошиот квалитет на воздухот и интензивниот сообраќај. Градоначалникот на Мексико Сити, Мигуел Анхел Мансера, планира да ги надмине овие проблеми со проширување на автобускиот превоз и на метрото, истовремено инвестирајќи во велосипедска инфраструктура. Јоргос Каминис, градоначалник на Атина, има уште порадикални планови: „Нашата цел е целосно да ги отстраниме сите автмобили од центарот на Атина во следните години.“

Дури 92 проценти од светската популација живее во средини кадешто аерозагадувањето ги надминува вредностите кои Светската здравствена организација ги има поставено како безбедно ниво за загаденост на воздухот. На Самитот беше посочено дека издувните материи од возилата со дизел мотор се меѓу најголемите причинители за лошото здравје и за глобалното затоплување.

Хелена Молин Валдес: „„Постојат многубројни решенија што дејствуваат“

Претседателката на Коалицијата за клима и чист воздух на Обединетите Нации, Хелена Молин Валдес, внесува оптимизам: „Постојат многубројни решенија што дејствуваат.“ Преку соработката со градовите во состав на C40 и останатите партнери, ќе се разменуваат искуства, ќе се идентификуваат и ќе се применуваат најделотворни решенија за брзо подобрување на квалитетот на воздухот и за достигнување на целта на „BreatheLife“ за преполовување на жртвите од аерозагадувањето до 2030 година.

На 18-ти мај: Премиера на SKODA KAROQ

Следете ја премиерата на Skoda Karoq
18-ти мај, 19.00 часот, Стокхолм

Следете ја Automedia.mk

Тест на летни гуми на клубот АДАК