ВестиМагазин

250 фунти за еден час со олдтајмер на Jaguar

Кога марката со дивата мачка неодамна откупи огромна приватна колекција од олдтајмери можеше да се насети дека се подготвува нешто посебно. Тоа и се случи, олдтајмерите се подготвени за возење.

Jaguar денес го најави отворањето на специјалното одделение Jaguar Heritage Driving Experience, коешто нуди единствена можност да се седне зад воланот на легендите на британската марка, како D-type или E-Type, но и во актуелните модели, вклучувајќи го најсилниот модел во историјата на Jaguar, купето F-Type R. Олдтајмерите на Jaguar ќе почнат да возат на тест патеката на површина од 80 хектари во Ворвикшир од следниот месец. Повеќето од овие возила потекнуваат од приватната колекција од 500 олдтајмери што Jaguar ја откупи неодамна.

Љубителите на англиската марка под знакот на дивата мачка можат да избираат меѓу различни пакети, зависно од расположението, ентузијазмот или од паричникот. За 95 фунти се добива можност на совозачкото седиште да се искуси возењето во историските модели како XK150 или Mark 2, како и споредбено возење во серијата 1 и серијата 3 од E-Type, односно во нов и стар модел, како E-type и F-type. За полчасовно седнување зад воланот на овие автомобили е потребно малку повеќе, 250 фунти.

За фанатиците по мотоспортот може да се добие полудневно искуство во возење на тркачките легенди од 1950-те години, како C и D-type, во присуство на професионален возач на совозачкото седиште. Во пакетот за 750 евра влегуваат и возења во XKSS и F-type R Coupe, вклучувајќи и ручок. Цел ден со олдтајмерите на Jaguar чини 2.000 фунти и покрај возење на сите понудени олдтајмери и актуелни ѕверки на марката, дополнително вклучува возење на ексклузивните модели, како „недоработените“ примероци од E-type, па сé до шоферски трансфер со класична лимузина до ресторан.

loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами