за

25 интересни факти за Lexus во пресрет на јубилејот на марката

Првата генерација на Lexus LS од 1989 година

Престижната марка на Toyota се подготвува за одбележување на 25-годишнината. Следуваат 25 интересни факти за Lexus, од првиот LS до суперавтомобилот LFA.

1. Toyota имаше проект за F1 многу порано отколку што би претпоставиле – Првата генерација на моделот LS се развиваше под кодот F1, од Flagship One, односно знаменосец број 1.
2. При развојот на првиот LS, член од тимот беше задолжен да проверува какво е чувството при притискање на секое копче во возилото. Тој користеше три различни комплети вештачки нокти, за да се гарантира дека копчињата одговараат за сите типови на клиенти.
3. Lexus стартуваше со продажба во голем број земји во светот, но тој стана достапен на јапонскиот пазар дури во 2005 година.
4. Lexus е прв производител што стартувал со сериски хибриден автомобил на 24-часа Нирбургринг (со RX 400h).
5. Кожата што се користи за седиштата во Lexus се добива од крави што се одгледуваат без користење ограда со бодликава жица, зада се гарантира врвен квалитет.
6. За актуелниот LS може да се нарача дрвен волан што се изработува со техника шумамоку, со 67 производствени постапки за коишто се потребни 31 денови.
7. Актуелниот LS поседува бандажи со шупливи краци заради минимизирање на пренесувањето на бучавата од патот во кабината.
8. Блокот на моторите за Lexus GS се лее во вакуум заради отстранување на можноста за појава на грешки.
9. Lexus се повика на стогодишната традиција на групацијата Toyota во ткаењето платно, при развојот на специјалните карбонски влакна за производството на LFA.
10. Моторот V10 од 4.8 литри во LFA е полесен од 3,5-литарскиот мотор V6, но постигнува двојно повисока моќност.
11. За LFA мораше да се користи дигитален брзиномер, затоа што аналоген инструмент ќе беше пребавен за моторот.
12. Lexus соработуваше со Yamaha за акустично тјунирање на звукот на моторот на првата генерација на LS.
13. Неколку познати возачи на Lexus, од минатото и сегашноста:
– Холивудската актерка Сиена Милер (RX 450h)
– Англискиот актер Дејвид Хокни (LS 460)
– Поранешниот претседателна Ford, Алан Мулали (LS 400)
– Алберт Втори, Принцот од Монако (Уникатен LS 600hL Landaulet)
14. Lexus продава повеќе хибридни возила од кој било друг производител од премиум сегментот. Во Велика Британија, 95 проценти од возилата на Lexus поседуваат хибриден погон.
15. Инспекторите за лакирање во Lexus минуваат тестирања четири пати во годината за да продолжат на своето работно место.
16. Само најдобрите работници во групацијата Toyota можат да аплицираат за работа во Lexus. Најуспешните добиваат титула такуми (уметник).
17. Lexus мина минато многу фази во дизајнот. Првата генерација на GS произлезе од концептот што Italdesign го изработе за Jaguar под името ‘The Kensington’. По 19 години, купето LF-LC coupe ги одушеви посетителите на салонот во Детроит во 2012 година, освојувајќи ја наградата EyesOn Design.
18. За изработката на личниот LS 600h не се користени никакви производи од животинско поткело.
19. Во 2004 година, производителот на hot rod, Лери Вуд, доби нарачка да изработи уникат со четирилитарскиот V8 на Lexus, со моќност од преку 400 КС.
20. SC430 е повеќекратен победник во јапонската тркачка серија Super GT. Тој трипати има понесено шампионска титула меѓу возачите и конструкторите.
21. Во актуелните генерации на GS и LS се вградува систем за климатизација ‘nano-e’, којшто ја одржува влажноста на кожата и косата, внесувајќи пријатна миризба во кабината.
22. Крис Реа го користеше озвучувањето од Mark Levinson во неговиот LS за преслушување на раните верзии на песните за неговиот последен албум.
23. Во четвратата генерација на LS се нуди максимална релаксација за патниците. Задното десно седиште може да се нарача со можност за соборување и шиацу масажа.
24. Држачот за очила во NX поседува мало огледало за сопатничката да ја провери шминката за време на возењето.
25. Во 1990-те години, Лексус беше 660-то најпопуларно женско име во САД.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mazda2 во лимузинска изведба – Но не е за Европа

Motorola: Локатор за затурени клучеви и мобилни