за

10.000 евра за играчка од Bugatti Chiron

Со буџет од десетина илјади евра може да се исполнат и некои автомобилски соништа. Може да се купи и Bugatti Chiron, но со тоа ограничување што автомобилот никогаш нема да биде во возна состојба и ќе служи како украс за в дневна соба. Оваа минијатура од најавтомобилот на денешницата сепак заслужува почит. Цената од 10.000 евра не е без причина.

Bugatti Chiron е официјално најскапиот автомобил во светот, ако се исклучат оние неколку работилници чијашто продукција може да се наброи на прсти. Најмалку 2,4 милиони евра, а најчесто двојно повеќе, зависно од тоа до каде досега имагинацијата на нарачателот. Но, цените за овој хиперавтомобил остануваат на астрономски висини дури и кога се работи за негова минијатурна копија. Оваа играчка што е прескапа и премногу фина да биде играчка, чини околу 10.000 евра и нејзината големина изнесува една осмина од оригиналниот Chiron.

https://vimeo.com/103344833

Производителот на Mini-Chiron е специјализиран за изработка на копии од луксузни и ексклузивни модели. Британската фирма Amalgam Collection ја има изработено својата верзија на Chiron користејќи ги официјалните компјутерски податоци од Bugatti. Соодветно на тоа, јасно е дека во автомобилчето не се користи евтина пластика, ниту каква било импровизација. Купувачот дури може да ја избира и изведбата на одредени детали, исто како кај оригиналниот Chiron.

Примерок од ексклузивниот мини-примерок од Chiron беше изложен и при отворањето на новиот салон на Bugatti во Лондон. „Полесна“ верзија во големина 1:12 може да се купи за околу 1.500 евра. Чекање на испораката е вклучено во цената.

[FAG id=25395]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најголеми трошаџии меѓу електричните модели: Истражување на Auto Bild

Овие десет добавувачи се вистинските производители на автомобили