за

10-те најпродавани модели и марки во Европа во месец март

најпродавани модели марки европа март 2014 прв квартал

Европскиот пазар на нови автомобили веќе три квартали по ред бележи пораст во продажбата. Четири од петте најпродавани марки дури имаат и двоцифрен пораст.

На врвот на продажбата на автомобилски марки во месец март и натаму нема промени, Volkswagen останува број 1 на европскиот пазар, со зголемување во продажбата од 4,7 проценти. Но, конкурентите не мируваат. Втората и третата најпродавана марка, Ford и Opel, во март пораснаа за 12,6, односно за 13,9 проценти, со што полека се топи предноста на лидерот VW. На ниво на кварталска продажба, најмногу напредуваа Ford и Renault, со пораст од 10,8 проценти. Сите десет најпродавани марки забележаа зголемување во продажбата и на ниво на месец март и на ниво на квартал.

На списокот на 10-те најпродавани марки можно е наскоро да се појави и романската Dacia. Евтината, но очигледно добра марка на Renault, во првите три месеци од годинава забележа плус од 42 проценти во споредба со истиот период лани. Најголемиот поттик за порастот во продажбата доаѓа од Sandero и Logan. Добро се движат и Mazda, Nissan, Seat, Skoda, Suzuki, Toyota и Volvo.

Кај моделите води Volkswagen Golf, кој од месец во месец бележи двоцифрен пораст во споредба со месеците лани. Март покажа зголемување од 14,1% за бестселерот на Volkswagen, додека плусот за првите три месеци изнесува 15,3%. Ford постигна вистински погодок со фејслифтот на Fiesta, со зголемување на продажбата во првиот квартал од 10,1%, но и другите модели, како Kuga, Mondeo, S-Max и Galaxy, растат брзо. Новиот Captur исто така ја почна годината со одлични продажни резултати, со преку 41.000 продадени примероци за првите три месеци од 2014.

Останатите модели што може да се пофалат со добра продажба се ванот Citroen C4 Picasso/C4 Grand Picasso, новиот Nissan Note, Seat Leon и серијата 4 на BMW. Иако повеќе не се на списокот на десетте најпродавани модели во Европа, Skoda Octavia и Audi A3 се модели што забележаа најголемо зголемување во продажбата во март, со пораст од 38,5 и 50,5%. Изненадува десеттото место за Fiat 500, кој се искачи толку високо благодарение на новиот продажен бран во Франција, Германија, Велика Британија и Италија.

10 најпродавани модели во Европа во март 2014 

Марка и модел Продадени примероци во март ‘14 Промена во однос на март ‘13 Продажба во прв квартал ‘14 Промена во однос на прв квартал ‘13
VOLKSWAGEN GOLF 56,042 +14.1% 129,599 +15.3%
FORD FIESTA 44,491 +6.9% 85,639 +10.1%
OPEL/VAUXHALL CORSA 33,563 -0.1% 64,591 +1.6%
RENAULT CLIO 32,434 +2.8% 74,473 -1.2%
FORD FOCUS 30,743 +6.2% 61,170 -0.2%
VOLKSWAGEN POLO 30,716 +8.0% 73,576 +6.8%
NISSAN QASHQAI 27,843 -4.5% 53,773 -13.1%
PEUGEOT208 26,211 -7.0% 62,275 -7.0%
OPEL/VAUXHALL ASTRA 24,016 +8.0% 46,224 -10.3%
FIAT500 21,990 +23.1% 46,572 +19.5%

 

10 најпродавани марки во Европа во март 2014

Марка Продадени примероци во март ‘14 Промена во однос на март ‘13 Продажба во прв квартал ‘14 Промена во однос на прв квартал ‘13
VOLKSWAGEN 164,304 +4.7% 392,857 +3.7%
FORD 126,101 +12.6% 253,167 +10.8%
OPEL/VAUXHALL 113,303 +13.9% 225,300 +7.9%
RENAULT 95,206 +21.6% 215,140 +10.8%
PEUGEOT 85,918 +11.6% 207,681 +9.4%
AUDI 82,090 +7.4% 184,733 +8.6%
BMW 77,666 +9.6% 168,681 +6.2%
MERCEDES 71,489 +6.7% 157,645 +3.9%
NISSAN 66,163 +14.9% 130,057 +6.7%
CITROEN 66,067 +7.4% 162,970 +4.1%

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ново друштво за C63 AMG: Mercedes C450 AMG и C400

Во март продадени само 303 нови автомобили во Македонија