за

Њујорк ќе ги трансформира мобилните ќелии во WLAN-Hotspot

На мобилните ќелии им дојде крајот во Њујорк. Тие ќе бидат заменети со WLAN-Hotspots, со што на туристите и жителите во градот ќе им се овозможи бесплатен и брз пристап на мрежата.

Њујорк ќе ги замени застарените мобилни ќелии со илјадници бесплатни WLAN-станици. Жителите на градот и туристите ќе можат бесплатно да ги користат своите паметни телефони, таблети и секаков вид на уреди што користат безжична мрежа. Новите WLAN-Hotspots ќе почнат да се поставуваат од следната година и дополнително ќе нудат разговори во земјата, пристап до сервисните услуги на градот, како и станици за полнење за преносни уреди.

Секоја станица ќе овозможува поврзување на мрежата во радиус до 60 метри, за најмногу 250 уреди. Градот проценува дека трошоците за поставувањето на околу 10.000 станици ќе изнесуваат околу 200 милиони долари. Њујорк планира преку продажбата на дигитален рекламен простор да постигне приход од половина милијарда долари во првите 12 месеци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автомобилот на Toyota со погон на водород пристига во септември 2015

CX-3 од следниот јуни: Теренец од Mazda за помалку од 20.000 евра