за

Јапонски дилер бара десет милиони евра за Lamborghini Veneno

Само три примероци се изработени од моделот со кој Lamborghini ја одбележа својата педесетгодишнина. Еден од нив сега се нуди на продажба и има шанси да најде нов сопственик и покрај баснословната сума.

Спортската марка од Сант Агата го претстави ексклузивниот модел Veneno на салонот во Женева во 2013 година, во чест на одбележувањето на својата педесетгодишнина. Болидот со 6,5-литарски мотор V12 забрзува до сто за 2,9 секунди и постигнува крајна брзина од 355 километри на час. Цената од три милиони евра по примерок не беше пречка за моделот да се распродаде уште пред неговото појавување на салонот. Lamborghini изработе само три примероци од Veneno. Во октомври истата година, Италијанците објавија дека ќе се изработи и мини-серија од отворената верзија Veneno Roadster, по цена од 3,3 милиони евра за примерок.

Veneno Roadster пред две години се продаде за близу шест милиони евра
Veneno Roadster пред две години се продаде за близу шест милиони евра

Актуелната понуда пристига од дилер од Јапонија, кој за вториот изработен примерок од серијата бара 10 милиони евра. Нема сомнежи дека и покрај баснословната сума, екстремно реткиот Veneno ќе најде нов сопственик. Пред две години Veneno Roadster се продаде за близу шест милиони евра. Од родстерот се изработија само девет примероци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оригиналното трио на „Top Gear“ продолжува со лудориите

Renault го подготвува наследникот на Koleos