за

Шумахер ќе вози параден круг на 24 Часа Нирбургринг

Седумкратниот шампион Михаел Шумахер на 19-ти мај ќе извози параден круг пред стартот на 24-часовната трка на Нирбургринг, во знак на благодарност за долгогодишната верност на неговите обожуватели за време на тркачката кариера

За прв пат по победата на Хуан Мануел Фанџо на 1-ви август 1954 година, актуелен болид на Mercedes ќе вози на легендарниот Северен Јазол на Нирбургринг. Германецот ќе вози Mercedes AMG Petronas F1 W02. На последната трка за големата награда на Нирбургринг во јули 2011 година, Шумахер веќе возеше еден дел од Северниот Јазок со Mercedes W 196. Тоа беше возилото со кое што Mercedes ги освои двете титули со Хуан Мануел Фанџо.

Уште пред да почне да се вози светскиот шампионат во формула 1 во 1950 година, постоеше тесна поврзаност меѓу Mercedes и Нирбургринг. На 3-ти јуни 1934 година беше родена Сребрената Стрела, за време на трката на Нирбургринг. Механичарите мораа преку ноќ да го истругаат белиот лак од тркачкиот Mercedes W25, за да не се пречекори дозволената тежина на возилото. Следниот ден Манфред фон Браунич постигна победа на дебито на W25, со што се одбележа почетокот на легендата за Сребрените стрели.

Михаел Шумахер ја заврши кариерата во Формула 1 во минатата година, во Mercedes AMG Petronas. Во почетокот на месецот Шумахер и Mercedes потпишаа договор за долгогодишна соработка којоа што ги надминува границите на мотоспортот и формула 1. Рекордерскиот шампион ќе им се посвети на новите технологии за натамошно зголемување на безбедноста и комфорот на возилата на Mercedes.

[box type=”shadow” ]

michael schumacher srebreni streliМихаел Шумахер: „Имам убави сеќавања за Нирбургринг и се радувам што со ова возење во близина на мојот роден град Керпен ќе можам да им приредам уживање на обожувателите. За мене претставува фантастично доживување возењето со актуелен болид од формула 1 на Северниот Јазол – при помислата дека таму е роден митот на Сребрените стрели. Круг со модерен болид на најубавата и најтешка тркачка патека на светот претставува фасцинантна комбинација за секој тркач и врв на мотоспортот.“ [/box]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Apple развива апликација што го заменува клучот од возилото

Рекордно производство на Honda на глобално ниво