за

Што е поцврсто: Челик или алуминиум?

Ford обемно користеше алуминиум за новиот F-150, најпродаваното возило во САД. Но, Американците се скептици за новиот материјал. Тест на цврстина со топчиња за голф и безбол, ѓуле…

Ford ангажираше неколку врвни спортисти да го тестираат новиот F-150, значаен модел за марката и воопшто за САД, имајќи во предвид дека овој пикап веќе со децении е најпродавано возило во големата држава. За разлика од стариот модел, за каросеријата на новиот F-150 во повеќе подрачја е користен полесен материјал, алуминиум. Но, конзервативните купувачи на F-150 не веруваат толку во новиот материјал, колку во челикот. Затоа следува овој тест: Гаѓање со ѓуле, топчиња за голф и безбол, хокејски пак.

https://www.youtube.com/watch?v=K8gbEfeVGhw

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Land Rover Defender Ultimate RS вози со осумцилиндарец со 500 КС

Први фотографии од новата серија 7 на BMW