за

Шефот на Tesla се обложи: Батериски парк за сто денови

Илон Маск се обложи со еден австралиски милијардер дека ќе изгради батериски парк во Австралија во рок од само сто денови. Доколку не успее во тоа, шефот на Tesla ќе мора самиот да ги покрие трошоците за изградба, коишто се ценат на околу 200 милиони австралиски долари.

Илон Маск, милијардерот од Силиконската Долина и шеф на Tesla, пред сета јавност на Twitter се обложи за 200 милиони долари. Облогот се однесува на изградба на батериски парк во Јужна Австралија. Линдон Рајв, братучед на Маск и менаџер во Tesla, во „Australian Financial Review“ вети дека ќе го реши енергетскиот проблем во Јужна Австралија за 100 денови. Австралискиот милијардер Канон-Брукс го предизвика Маск преку Twitter, прашувајќи: „Сериозно го мислите тоа?“ Маск одговори: „Tesla ќе го пушти системот во работа за 100 денови од потпишувањето на договорот или системот ќе биде бесплатен. Дали тоа е доволно сериозно за вас?“

Канон-Брукс во рок од една седмица ќе се погрижи за политичката подршка и за трошоците. Откако буквално беше преплавен од понуди за помош, Австралиецот напиша: „Мојот телефон не престанува да звони.“ Поединци и компании сакаат да учествуваат во финансирањето. Тој исто така ќе даде придонес. Според Канон-Брукс, трошоците ќе изнесуваат околу 200 милиони австралиски долари, односно околу 140- милиони евра.

Затворањето на старите електрани на јаглен ја предизвика енергетската криза во Јужна Австралија, со многубројни струјни испади. Медиумите критикуваат дека државата реагира премногу незаинтересирано. Оптимизмот на Маск не е без причина. Лани Tesla изгради слична фабрика за батерии во Калифорнија за само 90 денови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овие марки може да се сретнат само на салонот во Женева

Екс-дизајнерот на BMW седнува на цртачката табла во Infiniti