за

Шефот на Tesla го критикува водородниот погон на Toyota

Пионерот во електричниот погон Илон Маск смета дека погонот на водород што Toyota го воведува во сериското производство е „многу лоша идеја“.

Доскорешниот партнер на Toyota во развојот на автомобили со погон на струја, Илон Маск, во едно интервју искажа мошне лоши критики за погонот со водород когошто Toyota веќе го нуди во својот сериски модел Mirai. Според Илон Маск, шеф на Tesla Motors и пионер на погонот на струја цени дека „горивната ќелија е многу лоша идеја“. Таа го согорува водородот во струја, којашто служи за погон на електромоторот. Водородот е „мизерен избор“ како енергенс, изјавува Американецот. „Тој има многу ниска енергетска густина и не се среќава во природна форма на земјината топка.“ Најголемиот производител на автомобили во светот Toyota, веќе во овој месец ќе стартува со продажба на Mirai, првиот сериски модел со погон со горивна ќелија. Првите примероци од Mirai ќе пристигнат на европскиот пазар кон крајот на идното лето.

За добивање на водородот е потребно да се изврши фисија на наглеводороди. „За тоа е потребна енергија, којашто веројатно се произведува од фосилни горива“, предупредува Маск. Алтернативно може да се примени фисија на вода, но за тоа е потребна огромна енергија. Потоа, водородот се компримира и се трансформира во течна форма, заради транспорт до пумпите за точење гориво. Горивната ќелија на крајот го претвора водородот повторно во електрична енергија.

„Тоа е лудост“, кажува Маск, којшто инаку настапува со визионерски ставови. „Многу поефикасно е ако се користат соларни панели за производство на струја, со којашто се полнат батериите во автомобилот и електромоторот се задвижува директно.“

Острите критики на основачот и сопственик на Tesla Motors доаѓаат во време кога Toyota и Daimler се откажаа од своите пакети акции во американскиот специјалист за електрични возила. Моментно Маск е под силен притисок од пазарните аналитичари коишто го критикуваат големото доцнење и неизвесноста со пазарниот старт на новиот модел, кросоверот Tesla X.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпроизведуваниот автомобил во Франција е … Јапонец!

Tesla ги има најзадоволните возачи