за

Шефот на PSA бесен што кросоверот на Citroen не доаѓа во Европа

Сознанието дека кросоверот Citroen DS 6RW е развиен само за Кина предизвика збунетост во автомобилската јавност. Но, и новиот шеф збесна од одлуката донесена пред неговото стапување на должност во PSA.

Извори во францускиот концерн откриваат дека Карлос Таварес збеснал при пробното возење на прототипот Citroen DS 6WR, откако ги прашал своите потчинети кога е планирано автомобилот да започне со продажба на европскиот пазар и добил одговор дека кросоверот е планиран да се продава само на пазарот во Кина. Таварес го презеде кормилото на PSA Peugeot Citroen дури кон крајот на минатата година, откако веќе биле донесени сите решенија и планови за фантастичниот кросовер.

DS 6WR е развиен како возило што треба да им го понуди францускиот луксуз и комфор на Кинезите, така што Таварес е убеден дека возилото би предизвикало голем интерес и на европскиот пазар. Новиот кросовер сепак ќе остане надвор од Европа. Како прво, дизелски мотори воопшто не се предвидени при развојот на возилото, а второ, во безбедносната структура на каросеријата не се земени во предвид европските норми за заштита на патниците и пешаците при судир.

Единствениот кросовер на Citroen моментно е C4 Aircross, базиран на Mitsubishi ASX. Поголемиот модел Citroen C-Crosser, на основа на претходната генерација на Mitsubishi Outlander, веќе неколку години отсуствува од европскиот пазар. Наскоро сепак ќе пристигне нов модел во популарниот сегмент, но не се откриваат ниту класата во којашто тој ќе припаѓа, ниту пак датумот за почетокот на продажбата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Apple ќе го оневозможи пишувањето СМС во возење

Skoda се остри за иднината