за

Шефот на BMW се онесвести на штандот во Франкфурт

Харалд Кригер, првиот човек на BMW, утринава доживеа непријатен момент при одржувањето на презентацијата на салонот во Франкфурт. Шефот се онесвести на бината, по што беше однесен во болница.

Дека работата на шефовите на големите автомобилски куќи и не им е толку едноставна и лесна се покажа утринава на салонот во Франкфурт. На првиот човек на BMW, Харалд Кригер, буквално му потклекнаа нозете од замор за време на презентацијата на новитетите на салонот. Кригер доживеа слабост само неколку моменти по почетокот на говорот. Веднаш потоа, шефот беше однесен на болнички третман и според првичните прегледи неговата здравствена состојба е стабилна.

Кригер чувствувал замор уште рано изутринава. Тој неодамна се вратил од службено патување во странство, но не сакал да си дозволи да го откаже својот настап пред публиката на значајниот салон на автомобили во Франкфурт.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест • Suzuki Vitara 1.6 AllGrip GL PLus

Колку чини лажниот автомобилски луксуз по македонските улици?