за

Четири освежувања на Dacia за новото моделско годиште

Dacia Sandero, кросовер изведбата Sandero Stepway, лимузината Logan и комбито Logan MCV влегуваат во новото моделско годиште со комплетно сменет преден дел, освежен ентериер и нов еднолитарски мотор со 75 КС. Романската марка умее сето тоа да го понуди по иста цена како претходно.

Четири модели на Dacia влегуваат освежени во новото моделско годиште. Dacia Sandero, Sandero Stepway, Logan и Logan MCV добија нова маска, браници и светла, нов четирикрак волан, сменети облоги на седиштата, преместувања на неколку прекинувачи, опција за камера за рикверц и помош при поаѓање на нагорнина. Преработката на популарнитемодели на романската марка е комплетирана со новиот мотор SCe 75, со работна зафатнина од еден литар.

Цената за новиот Sandero на францускиот пазар останува непроменета, на 7.990 евра. Од лансирањето на моделот во 2008 година, цената на Sandero се зголеми само за 2 проценти. Не се менува ниту цената на новите Logan и Logan MCV, со 7.790, односно 8.990 евра.

Секако дека и најголемата гордост на марката, Duster, не смее да биде запоставен. Компактниот теренец на Романците доби менувач со двојна спојка во моделската изведба dCi 110 со погон на две тркала, како опција за 1.300 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Експедиција на Škoda поаѓа во потрага по Јети

Германија ја забранува продажбата на Tesla Model S?