за ,

Четиристотини електрични BMW во служба на јавниот превоз во Копенхаген

BMW ќе го подобрува квалитетот на градскиот живот нудејќи им електрични возила за краткотрајно користење на граѓаните. Наскоро стартува DriveNow во данскиот Копенгаген, како дел од јавниот превоз.

По успешното воведување на електричниот BMW i3 во возниот парк за краткотрајно изнајмување DriveNow во Германија, Велика Британија и САД, на 3-ти септември следува данскиот град Копенхаген, каде на граѓаните ќе им стојат на располагање 400 примероци од електричниот автомобил. За разлика од другите градови, возниот парк во Копенхаген се состои исклучиво од електрични возила, а тие дополнително се дел од јавниот превоз. На овој начин се постигнува уште поквалитетна организација на индивидуалната мобилност во метрополите.

Навигацискиот систем во BMW i3 ги зема во предвид и линиите на јавниот превоз

Цел на BMW со краткотрајното изнајмување возила DriveNow е на широките народни маси да им се овозможи прв контакт со електричните возила, но воедно и да се намали штетната емисија во градовите и да се постигне повисок квалитет на животот во градските средини. BMW i3 е прв автомобил во светот што нуди „инермодален рутинг“, односно навигацискиот систем ги зема во предвид и линиите на јавниот превоз при пресметувањето на рутата до целта.

DriveNow е заедничка инвестиција на групацијата BMW и Sixt SE, со цел на корисниците да им се понудат возила од премиум марките BMW и Mini, за краткотрајно изнајмување според принципот фри-флоутинг. Возилата се преземаат на одредени локации во градот и по користењето повторно се оставаат на една од бројните локации. Регистрираните корисници ги резервираат возилата преку апликацијата DriveNow или преку интернет страницата, плаќајќи надомест што обично е поевтин од такси-услугите. Моментно DriveNow е присутен во Минхен, Берлин, Диселдорф, Келн, Хамбург, Виена, Лондон, Сан Франциско, а наскоро и во Копенхаген.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СМС порака до сопирачките: Нов хакерски напад во САД

Audi ќе користи батерии од LG и Samsung за електричниот кросовер