за ,

Црната серија продолжува: 14-ти судир на автономните возила на Google

Автомобилот на Google што управува самостојно по 14-ти пат учествува во сообраќајна незгода. Како што наведуваат од компанијата, нивното возило ниту овој пат не е виновно.

Автономното возило на Google повторно учествуваше во сообраќајна незгода. Невнимателен возач со обичен автомобил налетал во задниот дел на автономниот Lexus со техниката на Google, додека тој чекал пред семафор. Патниците се здобиле со полесни повреди, откако во нивното возило влетал предизвикувачот на судирот со 27 километри на час.

Google објави и видео од судирот од гледиште на компјутерот, којшто го следи движењето на сите возила на патот. Откако Google започна со проектот на автономното возење во 2009 година, неговите возила 14 пати учествуваа во сообраќајни незгоди, при што дури 11 пати возилата беа удирани одзади. Google наведува дека секогаш виновни биле другите возачи и со тоа потврдува дека автономното возење е безбедно. Дали навистина тоа треба да се заклучи од фактот што постојано некој удира во возилата на Google?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai со рекордна европска продажба во првото полугодие

BMW за познавачи: 50 годишнина на BMW Alpina