за ,

Црвен аларм во Пекинг поради загадениот воздух

Градските власти на Пекинг добија жестоки критики кога пред една недела не презедоа ништо. Овојпат црвениот аларм не изостана. Воведена е забрана за возење, стопирани се фабриките и затворени се училиштата.

Властите во Пекинг за првпат го активираа највисокиот степен на аларм поради високата загаденост на воздухот. Од вторник наутро до четврток на пладне важат генерални ограничувања на возењето. Некои фабрики престанаа со работа или ја намалија продукцијата. Училиштата ја прекинаа наставата, за учениците да останат дома.

Ова е прв „црвен“ аларм откако во 2013 година се воведе четиристепената скала на опасност од загадениот воздух за човечкото здравје. Вонредната состојба ќе трае до четврток, до кога метеоролозите во Пекинг очекуваат поволните временски услови да го оддуваат смогот. Загадувањето со опасните ситни честички со пречник помал од 2,5 микрометри (PM 2,5) во понеделникот се искачи на вредност 242 микрограми на метар кубен, што се смета како „висока загаденост“.

Народот реагираше бурно откако градските власти решија ништо да не преземаат

Тоа е десетпати над граничната вредност на Светската здравствена организација. Американската амбасада, којашто врши сопствени мерења, исто така предупреди за „високата штетност по здравјето“. Во југоисточниот дел Фангшан беа измерени дури 369 микрограми PM 2,5 на метар кубен. Најлошиот смог годинава беше измерен пред една недела, кога вредностите на опасните ситни честички достигна вредност од 600 микрограми. Овие честички можат да доспеат до крвотокот и да предизвикаат рак.

Вредностите на зададеноста на воздухот во Скопје во последните седум денови
Вредностите на загаденоста на воздухот во Скопје во последните седум денови

Јавноста реагираше бурно откако властите решија да го активираат само „портокаловиот аларм“, иако екстремните вредности на загаденоста се задржаа цели пет денови. Жителите на Пекинг тогаш изразија огромно незадоволство за инертноста на градските власти, кои овојпат сепак решија да реагираат малку побрзо.

Очигледно е дека се случија темелни промени во официјалната политика, затоа што досега не се преземаше ништо дури и кога вредностите на смогот во периодот на зимата честопати достигнуваа вредности на загадување со PM 2,5 меѓу 200 и 300 микрограми на метар кубен. Црвениот аларм се активира кога се очекува смогот да се задржи најмалку три денови.

Возење пар-непар, затворање на училиштата, прекин на градежните активности

Ограничувањето на возењето предвидува автомобилите да се користат само на парни или непарни датуми, во зависност од регистерската ознака на возилото. Една третина од службениот возен парк исто така мора да го почитува ограничувањето. Училиштата и градинките се затвораат, а се прекинува и работата на отворените градилишта.

Високата загаденост на воздухот секој ден им одзема живот на над 4.000 Кинези. Според американските стандарди, 38 проценти од населението во Кина вдишува „нездрав“ воздух. Тоа го покажа една студија спроведена од САД. Се проценува дека 1,6 милион смртни случаи во земјата се предизвикани од нечистиот воздух, секоја година.

Американската амбасада во Њу Делхи измери катаклизмична загаденост на воздухот во индиската престолнина

zagaduvanje vozduh nu delhiВредностите што во понеделникот ги измери американската амбасада во индиската престолнина Њу Делхи се слични со вредностите во Пекинг. Загаденоста на воздухот достигна 263 микрограми PM 2,5 на метар кубен, но Индијците уште не воведуваат ограничување на возењето или други рестрикции. Медиумите почнаа со подетални објави на оваа тема пред само една година, а веќе неколку недели наназад се водат и политички дискусии.

Концентрацијата на ситните честички во понеделникот достигна вредност од 511 микрограми. Властите во Њу Делхи во минатиот петок за првпат најавија преземање на посериозни мери против смогот. Од јануари, во индиската престолнина ќе се вози наизменично пар-непар. Народот силно се противи на овој проект и се сомнева дека богатиот слој од населението ќе набавува втор автомобил, додека снаодливите ќе си обезбедат „резервни“ таблички по илегален пат.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Корпа за ентериерот на Tesla Model S: Русин си вгради внатрешност од BMW

Во потрага по мистериозниот загадувач на македонскиот воздух