за

Хибридната изведба ѝ ја враќа славата на Toyota RAV4

Дури и најоптимистичките очекувања на Toyota ќе беа надминати по големиот интерес што пазарот го покажа по воведувањето на хибридната изведба во гамата на RAV4. Повеќе од половината купувачи на кросоверот во Европа се решаваат за оваа верзија.

Стартот на продажбата на хибридната верзија на RAV4 ги надминува сите очекувања на јапонскиот производител. По пример на верзиите со „две срца“ на Auris и Yaris, коишто учествуваа со по 55, односно над 36 проценти во вкупната продажба на овие две моделски серии на европскиот пазар лани, половина од купувачите на RAV4 се решаваат за хибридниот модел. На германскиот пазар, на пример, како најголем пазар за автомобили во Европа, по стартот на продажбата на фејслифтот на RAV4, дури 80 проценти од купувачите го избрале хибридот.

toyota rav4 hybrid (5)Новата погонска изведба во гамата на кросоверот комбинира класичен бензинец напред и електромотор за погон на задната оска. За новиот дволитарски дизел со 143 КС, кој потекнува од BMW, и за исто така новиот дволитарски бензинец со 151 КС, останува само мал дел од продажниот колач.

Јапонците долго време му даваа предност на Lexus, нудејќи го хибридниот погон само во кросоверите на сопствената луксузна марка, но продажниот успех на „осамениот“ Mitsubishi Outlander PHEV повеќе не дозволува Toyota да продолжи со таквата стратешка определба во корист на Lexus.

Според фабричките норми, RAV4 Hybrid троши во просек 4,9 литри бензин на сто километри и тоа не би требало да е далеку од вредноста што би се добила во секојдневието, особено во услови на градски сообраќај со често запирање и поаѓање, кога хибридот ја покажува својата најголема предност. Во секој случај треба да се има во предвид дека се работи за возило што тежи добри 1,8 тон.

toyota rav4 hybrid (11)RAV4 во меѓувреме е во петтата генерација, по премиерата на моделот кој во 1994 година ги постави темелите за сегментот на возила што денес постигнува најголем удел во вкупната продажба на возила. И продолжува да расте. Кога се појави првпат, RAV4 имаше само 3,70 метри во должина, односно дури 91 сантиметри помалку во споредба со актуелниот модел. Во последнава генерација, кросоверот повторно порасна за 35 милиметри. Притоа, меѓуоскиното растојание остана непроменето, но проблеми со просторот немаше ниту досега.

Со последното освежување, кросоверот доби поквалитетни материјали во кабината, се подобнови со системи за асистенција и се подобри во можностите за поврзување со паметен телефон. Со комбинирање на радар и камера, RAV4 сега е уште поподготвен да препознае пешак на патот, а се подобри и работата на приспособливиот темпомат. Пакетот од системи за асистенција е дополнет со читање сообраќајни знаци, предупредување дека наидува возило при излегување од паркинг наназад, контрола на мртвите агли на каросеријата и систем за следење лента.

toyota rav4 hybrid (1)Хибридниот погон нуди на избор четири програми на возење, соодветно на актуелните услови на возење или желбите на возачот. Секако дека еден од нив е модусот EV, кога кросоверот вози само со енергијата во никел-метал-хидридните батерии. Тоа е доволно за само неколку километри „чисто“ возење на струја. Конкурентот Outlander PHEV во тој поглед и натаму е во предност, како плагин-хибрид. Затоа, пак, Toyota RAV4 ја задржува предноста на класичниот хибрид во поглед на цената.

Како ќе влијае воведувањето на хибридниот модел конкретно врз цената на моделот на македонскиот пазар, покрај ослободувањето од акциза за моделите со две срца, засега нема официјална објава, но ако се земе во предвид дека хибридниот Auris речиси се изедначува со дизелската верзија на компактот при споредливо ниво на опрема, нема да биде изненадување ако случајот се повтори и кај кросоверот.

Технички податоци · Toyota RAV4 Hybrid

  • Должина x Ширина x Висина (m): 4,61 x 1,85 x 1,66
  • Меѓуоскино растојание (m): 2,66
  • Мотор: Бензински, 2494 ccm, VVT-i, ектинсонов циклус, директно впрскување гориво
  • Моќност: 114 kW / 155 КС при 5700/min
  • Вртежен момент: 206 Nm од 4200–4400/min
  • Моќност на електромотор: 50 kW / 68 КС
  • Вртежен момент на електромотор: 139 Nm
  • Системска моќност: 145 kW / 197 КС
  • Крајна брзина: 180 km/h
  • 0 до 100 km/h: 8,3 s
  • Просечна потрошувачка: 4,9 L
  • Емисија на CO2: 115 g/km (Euro 6)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Работниците на Volkswagen со паметни часовници во фабричката логистика

Ford Fiesta ST со 200 КС пристига на салонот во Женева