за

Хет-трик на Toyota на извештајот за квалитет на Auto Bild

Toyota е победник во извештајот за квалитет на германскиот магазин Auto Bild и во оваа година. Тоа е третпат по ред јапонската марка да добие врвни оцени во истражувањето на магазинот.

Со крајна оцена 2,0, Toyota постигна голема предност во однос на второпласираната марка во истражувањето спроведено меѓу 20 најпродавани марки на германскиот пазар. Во извештајот за квалитет влегуваат резултатите од извештајот на TUV и од супертестовите на Auto Bild. Покрај тоа, за крајната оцена се земаат во предвид и бројот на сервисни повици, резултатите од тестот на сервисните работилници од страна на Auto Bild, како и поплаките од корисниците што доаѓаат во редакцијата на магазинот. Во сите овие подрачја Toyota е на врвот.

Во извештајот на TUV за 2015 година, дури 13 модели на Toyota се пласираа меѓу првите десет, а дури осум модели меѓу првите пет во сите класи на старост на возилата. На маратонските тестови на 100.000 и повеќе километри, моделите на Toyota исто така ја докажуваат издржливоста. Хибридниот модел Toyota Prius годинава мина тест од 200.000 километри со оцена 1.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Презентација на Discovery Sport во Исланд: Баш е „кул“ овој Land Rover

Audi RS 3 Sportback: Моќ во компактен формат