за

Хајнц Холервегер открива детали за Audi R8 LMS: Помалку отпор, повеќе потисок

Audi штотуку ги претстави новите R8 V10 и V10 plus, заедно со тркачкиот R8 LMS на патеката Портимао во Португалија. Првиот човек на quattro GmbH, Хајнц Холервегер, зборува за новиот тркачки автомобил во серијата GT3, по сензационалната победа на 24-часовната трка на Нирбургринг.

Што значи името R8 LMS?

Хајнц Холервегер: Првиот тркачки автомобил со когошто Audi победи на Леман во 2000-та година, ја носеше ознаката R8. Спортската студија што произлезе од овој автомобил и беше претставена во 2003-та година се викаше Audi R8 LMS. Денес, LMS ја означува тркачката верзија на Audi R8 за приватни тимови.

Што е разликата меѓу R8 LMS и цивилниот R8 V10?

Тоа што мене најмногу ме одушевува се сличностите. Повеќе од 50 проценти од деловите се идентични со серискиот автомобил. Најважните белези се интелигентната комбинација од алуминиумска просторна рамка и карбон. Обата модела се мошне слични во тој поглед. Вториот белег е моторот V10. Тој потекнува од истата лента од нашата фабрика во унгарскиот Гјор. Нема разлики во производството меѓу агрегатот што е наменет за серија и тој за примена на трка. Разликите кај LMS се во менувачот и во задниот погон, којшто мора да ги исполнува пропозициите. Се разбира, тука спаѓаат и специјални детали, како заштитен кафез или спартанска изведба на ентериерот, во интерес на екстремно лесната конструкција. На тој начин и покрај обемните безбедносни системи успеавме да ја смалиме основната тежина на тркачкиот автомобил од 1.250 килограми кај претходникот на сегашните 1.225 килограми. Тркачкиот автомобил секако дека поседува и различни аеродинамични елементи.

Директорот на quattro GmbH, Хајнц Холервегер, зборува за големиот напредок и покрај построгиот правилник за 2016 година.
Директорот на quattro GmbH, Хајнц Холервегер, зборува за големиот напредок постигнат кај тркачкиот R8 LMS и покрај построгиот правилник за 2016 година

Кои се тие елементи?

Новиот аеродинамички концепт на Audi R8 за првпат опфаќа целосно обложен под и заден дифузор интегриран во концептот – тоа е многу повеќе нагласено кај Ru LMS. На тој начин се овозможи задниот спојлер да има помали димензии и да се подобри потисокот, без притоа да се зголемува отпорот на воздух. Поткрилата имаат поголем пресек во задниот дел и го подобруваат струењето на воздухот. Протокот на воздух и разладната површина на ладилникот за вода во предниот дел од возилото се зголемени за 10 проценти, што овозможува издржливост и при екстремни надворешни температури. За возачот повеќе се концентрира на неговите задачи, подобрена е циркулацијата на воздух во кокпитот. Прокот на воздух при темпо од 200 km/h изнесува 250 литри во секунда. Audi ги постигна овие подобрувања иако слободниот простор во подрачјето на аеродинамиката е многу ограничен во правилникот од 2016 година.

Зошто R8 LMS има само 580 КС, место 610 КС како во серискиот модел R8 V10 plus?

Правилникот условува да го модифицираме пресекот на вшмукувачкиот систем во зависност од тркачката серија. Во зависност од тоа дали возиме на маратонска трка, на Blanc Bain, во Азија или во САД, постигнуваме моќност меѓу 500 и 580 КС.

Кои перформанси се постигнуваат на овој начин?

Тоа е тешко да се каже, затоа што во трката не се работи само околу максимално забрзување. Меѓутоа, ориентациски може да се наведат 2,8 секунди од нула до темпо 100. Поважна вредност е попречното забрзување, кое што изнесува одлилчни 2,1 g. Иако со новиот автомобил располагаме со помала моќност на моторот поради правилникот, благодарение на одличното подвозје и подобрената аеродинамика постигнуваме повисоки брзини во свијоци и крајна брзина од преку 300 km/h.

Дали е важна потрошувачката кај R8 LMS?

Тоа е мошне важно, затоа што со одличната аеродинамика ни се потребни помалку запирања во боксот. Тоа беше една од нашите предности при победата на Нирбургринг во минатиот месец. Сега се концентрираме на Спа во овој викенд и сакаме повторно да постигнеме добар резултат. Таму е најголемата конкуренција во GT3 во светот. Вистински предизвик за нас.

Кога новиот Audi R8 LMS ќе се најде во рацете на приватните тркачки тимови?

Нашите први ангажмани веќе беа со учество на приватни тимови. Кон крајот на годината ќе започнеме со испорака и за поширокиот круг на тркачки тимови.

Колку навистина чини вакво тркачко возило?

Секако дека тоа зависи најмногу од желбите на клиентот. Но, пресметано грубо, зборуваме за вредност меѓу 350.000 и 360.000 евра.

Колку примероци се произведуваат?

Од првата генерација на R8 LMS за две и пол години продадовме околу 140 примероци. Тоа ја изненади и конкуренцијата. Од новиот автомобил очекуваме уште поголеми бројки.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Проект V-Charge: Автомобилот паркира сам и си ги полни батериите

Porsche Pajun пристига како студија на салонот во Франкфурт